Друже, јасна ми е фрустрацијата. Ти си оштетената странка, имаш секое право да се буниш и да плукаш.
Само не сфаќам зошто не си викнал инспекција кога не сакаа да ти го санираат проблемот. Чим имаш гаранција и тие гарантираат за плинскиот уред дека гаранацијата ќе ти важи, а не сакаат да те обештетат веднаш требаше да се јавиш во инспекторат.
Какво бе доплаќање за друга кола?! Пак си направија ќар на твој грб.
Е заради вакви случаи имаме арамиска држава.
Другата страна од вистината не ме интересира.
Ново возило со гаранција да пролупа,а да не те обештетат нема никакво оправдување.
Гледајќи ги клиповите како чади цела кола и читајки го односот,...моја нога во Хјундаи не стапнува

Korea Auto Trade имаат најненормален однос со клиентите.
Ова е страшно.
Другар отиде да купува Kia Ceed, продавачот почна да објаснува за перформанси на возило и на сред реченица вика „Уствари шо ќе ви објаснувам, вие нема да разберете ништо!“