Би имало последици после 100к или пак доколку не е МОНТИРАН како што треба би имал последици многу брзо, баш како што се случило овде.
Не би требало љунда да ја прегледа колата после монтажа на плин, како би се осигурале дека гаранцијата може да биде валидна?
Доколку не е МОНТИРАН како што треба, во најмала рака ќе боде очи MIL (или по начки чек енџин), што на нова кола ретко кој би го игнорирал.
После ЛПГ монтажа, нели после некој (краток) период се оди на проверка, да се прегледа инсталација и поново штелне на компјутер?
Така да, чиисто се сомневам дека е до плинот.. би кажал 10% оставам на проблеми со плинот, 90% е фактор „јеби га, десило се, механика е...“
Да не праиме филмои тука дека ќе настанела тешка сообраќајка од тоа што моторот снемал снага, секој поискусен возач имал дешавка во во која снемало снага на мотор во возење (барем ние алфистите си знаеме

), туку нејсе, се изгубил ќејфот за нова кола, барем не го маткале натака навака чоекот со месеци, па ова ти е, она ти е, туку за кратко време се решиле да ја откупат колата, што ја го гледам како позитивен чекор. Ретко кој кај нас ќе се одлучи на тоа. Најчесто со месеци ќе те маткаат од плинара во сервис и обратно...
Тешко дека увозникот на љунда ќе го папа, ако на своја рака дава гаранција за плиносани возила, од централа во европа може само да добие одговор „возилото е модифицирано и не подлежи на глобална љунда гаранција“, што значи останува само на вољата на нашиот љунда дилбер дали ќе има или ќе нема гаранција.
Се на се, добро се завршило. Парите се вратени, гуми на пазар3 се објавуваат, плинскиот уред најдобро да проба да го врати од таму кај што го зел, пошто на 3 месеци стар плински уред, сигурно ќе му рефундираат нешто...