Да кажам два-три збора за колава, ако може...
Надворешниот изглед е дискутабилен и поларизирачки - на некој му се свиѓа, на некој не. Затоа нема да се задржувам на тоа, само ќе кажам дека во ваква изведба, мене лично ми се свиѓа.
Внатре е "mixed bag"... Седиштата се перверзија и седењето е одлично. Топчето на мењачот е порно. Сончевиот кров е сананибичиз. Осветлувањето и целокупниот дизајн на внатрешноста, едноставно прават мерак. За жал, воланот изгледа како да не припаѓа во вакво возило. Премногу е голем дијаметарот и е тенок обрачот. Ваква изведба заслужува поспортски изглед на воланот (помал дијаметар, подебел обрач). Дури и наклонот ми беше чуден, ама претпоставувам дека може да се подеси. Надворешните ретровизори се убави, големи и прегледни, додека погледот низ средниот ретровизор е прилично ограничен поради ниското задно стакло и наслоните за глава на задната клупа. Бара малку посветување додека да се најде идеалната возачка позиција. Прекидачот за долги светла е чуден

Ако на некој му е битно, багажникот е повеќе од пристоен, особено како за компактен хеч.
Битните работи... И во "N" мод, колава е животиња, само што не се сили до толку. Комфорна, тивка, култивирана. Воланот е доста лесен (и без доволно фидбек) и не галами многу низ ауспух. Нема ни на крај памет да ти текне дека се работи за живчан мотор со преку 200КС. Ако цапнеш, ќе те одвали, ама ќе го направи тоа на културен начин и без премногу драма. Не престана да забрзува до кај 200 км/ч, а за понатаму ми беше страв од милицајци. Мењачот ми направи мерак, убаво си соработува со моторот. Лежењето на патот е идеално, мада човек мора повеќе да внимава на нашине патишта изребрени, поради големината на тркалата.
Е сеа, "D" модот е "the shit"... Буквално. Треба да се тркне до кај Жаре, да се најде некој иљач, колава да биде константно во "D" мод. Можда во "N" е животиња, али у "D" е, што би рекол Влатко Илиевски - „Леле луѓе што напраивме!“
Воланот е подиректен, гаста реагира и на најмала промена, и низ двојниот издув почнува да се репродуцира симфонија за секој љубител на автомобили. Едноставно, однесувањето на колата се смени комплетно. Дури и кога возиш полека, таква е, нервозна, трза, како да сака да ти каже „Ајде бе пуси, стисни малце, не се лигави“. И кога ќе се решиш да не си више пуси, цапнуеш малку, макар и у прва, и си ги бараш бубрезите негде у багажник. Корне. Тек па у втора и да нацапаш... Ле лееееејјјј... Не се додржува воланот... И сето тоа е проследено со прекрасен звук, за разлика од Seat Leon Cupra R на пример, кој беше вистинско разочарување на тоа поле. Турбинчето и не се слуша до толку, ама позади, звучи ко да сака да те усиса кроз ауспух кога отпушташ гас при турирање .
Сума сумарум, одамна не сум возел кола со толку темперамент. Одамна не сум се наежил кога сум возел кола, или не ми се дрмале рацете кога сум завршил со возењето. Одамна не сум возел кола која толку многу ми напраила мерак, и покрај сите нејзини фалинки. Да, изгледа како што изгледа, внатре пар пластики тропкаат и крцкаат, изолацијата би требало да биде подобра, ама на крајот на краиштата, сето тоа не е толку битно, кога успева да предизвика такви чувства кога ја возиш.
Одлична кола и со здравје да си ја возите!