-1.75 со -0.5 цилиндар на 2те
На мал цилиндар, очен доктор ми има кажано подобро да се игнорира цилиндарот... И реално не приметувам разлика (дали има или нема цилиндар во леќите). Ова на -0.75 и на -1 диоптер на двете очи.
Патем ако некој сака евтина а добра оптика на Али, кажете ќе ставам линк. Солидни се покажаа, и топ за парите.
А јас ги оштетувам брзо наочарите.
Пробај со олд скул материјал за леќи, CR39. Денес најчесто (скоро секогаш) се користат поликарбонатни леќи. Најмногу пошто се полесни, уствари затоа што најбрзо се гребат/оштетуваат и потоа треба нови.
Се разбира, стакло е најдобро - од аспект на заштита од оштетување. CR39 сеуште е вид на пластика, само многу потврда и потпорна од гребење од поликарбонат. Компромисот е тежина/дебелина (на леќи) и поголема отпорност од гребење, наспрема полесни и потенки леќи кои лесно се гребат. За мал диоптер стакло или CR39 е најлогичен избор за секојдневна употреба, но може и полокарбонат за спортски прилики, итн.