Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2657982 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7733
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19035 на: 26 Февруари 2026, 13:00:04 pm »
Знаете дека авто делови не се ослободени од царина? Сакаа липот да ми го царинат, среќа налетав на познаник. Идев со умисла дека до 350€ не се царини стока.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2281
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19036 на: 26 Февруари 2026, 13:00:45 pm »
Знаете дека авто делови не се ослободени од царина? Сакаа липот да ми го царинат, среќа налетав на познаник. Идев со умисла дека до 350€ не се царини стока.

Имаш официјално инфо за ова?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6704
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19037 на: 26 Февруари 2026, 13:11:29 pm »
Знаете дека авто делови не се ослободени од царина? Сакаа липот да ми го царинат, среќа налетав на познаник. Идев со умисла дека до 350€ не се царини стока.
Искрено прв пат слушам.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11142
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19038 на: 26 Февруари 2026, 13:28:10 pm »
Останува само забраната за вода на безбедносна проверка.

интересно, сум летал безброј пати ама последниот дознав една работа, а тоа е дека само водата/течноста е забранета но не и шишето
значи шишето може да го истуриш, да поминеш контрола, па да си наполниш за во авион на чешмите пред тоалетите

може и не сум обрнал внимание до последниот пат и сум врзал во глава дека не смее да се внесе шише

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7145
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19039 на: 26 Февруари 2026, 13:43:14 pm »
Па мене не ми ни текнало дека секаде можи да се пие водата, во тоалет па последно место каде што би полнел, па и ако е на сензор чешмата...  :D

И во авион можиш да го дополниш ... ако можиш.  ;D

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4233
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19040 на: 26 Февруари 2026, 13:45:07 pm »
Знаете дека авто делови не се ослободени од царина? Сакаа липот да ми го царинат, среќа налетав на познаник. Идев со умисла дека до 350€ не се царини стока.

https://customs.gov.mk/images/documents/brosuri/Brosura-Carina-MK-v2016.pdf

Домашните патници се
ослободени од увозни давачки
за стока од некомерцијална
природа со вредност до
350 евра. Во овие 350 евра
ослободување не влегуваат
алкохолни пијалоци, преработки
од тутун, парфеми и тоалетна вода.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7549
  • French diamond
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19041 на: 26 Февруари 2026, 13:45:48 pm »
Пред тоалетот има на некои аеродроми чешми со  натпис "вода за пиење".

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17947
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19042 на: 26 Февруари 2026, 14:11:06 pm »
Останува само забраната за вода на безбедносна проверка.

интересно, сум летал безброј пати ама последниот дознав една работа, а тоа е дека само водата/течноста е забранета но не и шишето
значи шишето може да го истуриш, да поминеш контрола, па да си наполниш за во авион на чешмите пред тоалетите

може и не сум обрнал внимание до последниот пат и сум врзал во глава дека не смее да се внесе шише

Откако лани во Италија го јадев пенисот купувајќи водички по 2-3 евра што се стоплуваа за 17 минути до фаза на вода за макарони, на последниве патувања си носам термос празен, го приложувам отворен во пластичните садови за скенирање, и до сега не сум имал проблеми.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7145
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19043 на: 26 Февруари 2026, 14:12:49 pm »
Дали можи термосот да се носи во раце пред влез во авионот? Или и него во калапот треба да го собери?

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5342
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19044 на: 26 Февруари 2026, 15:14:18 pm »
Na nekoi aerodromi moze da nosis voda. Ima edno kako skenerce vo koe sto go stavaat siseto

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17947
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19045 на: 26 Февруари 2026, 16:13:43 pm »
Дали можи термосот да се носи во раце пред влез во авионот? Или и него во калапот треба да го собери?

Во раце го носам. Летам само со Wizz откако се решив на овој чекор, и до сега не ме натерале да го мериме ранецот во калапите.

Последен пат тоа ме тераа да го правам бугарите во Софија, што само ми го цементираше мислењето за квалитетот на населението таму. Стоки.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7733
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19046 на: 26 Февруари 2026, 17:41:48 pm »
Знаете дека авто делови не се ослободени од царина? Сакаа липот да ми го царинат, среќа налетав на познаник. Идев со умисла дека до 350€ не се царини стока.

Имаш официјално инфо за ова?

Искрено, не ни барав по закони да проверам дали е точно. Човекот што ме пропушти, ми рече по адреса дека ми у комшии, сопругата го позна од локалниот маркет, јас во животот го немам видено претходно. Нити ми побара пари да ме пушти, па не најдов за сходно дека би ми лажел.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19047 на: 26 Февруари 2026, 17:48:37 pm »
Никогаш не сум имал мака на граница со делови.

Мада, и никогаш не сум надмашил 350 евра…

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11142
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19048 на: 27 Февруари 2026, 09:14:20 am »
Па мене не ми ни текнало дека секаде можи да се пие водата, во тоалет па последно место каде што би полнел, па и ако е на сензор чешмата...  :D

И во авион можиш да го дополниш ... ако можиш.  ;D

не од тоалет, има пред тоалетите за пиење вода, обично е метална фонтана на дугме :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2085
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #19049 на: 27 Февруари 2026, 10:08:48 am »
Јас последно што патував за австрија, женава има од тие зелените картици на комерцијална и во лаунч барот е нели бесплатно со нив веќе пасошка си поминат и таму имаш бесплатна вода па од таму земавме и во ранец слободно можеш да си ја внесеш.