Немаше над одредена вредност во мојот случај... Сам им кажав што носам, т.е пријавив.
Да бе и мене така, идам од Грција земено уље за колата, вредност околу 200 евра цело пакување.
„Имаш нешто да пријавиш?“
„Да, моторно масло за кола, 8 шишенца по 900мл, еве фактура“
„Ајде отвори да видиме“
Отворам позади, гледа во кутијата со шишињата, почнува после низ остатокот од багажникот да гледа. Ја гледа торбицата со церадата од колата со ///М лого на неа.
„Што имаш тука?“
„Церадата од колава“
„Ајде отвори да видиме“
Отварам, внатре стварно церада

и таман мислам готови сме може да си одам, му светнаа очите - ја виде кутијата кај што ми беа останати старите фабрички буфери за амортизерите кога ставав camber plates.
„Аха, а овие деловиве за колава оти не ги пријави?“
„Оти се стари/користени, останаа кога ги менував“
„А како да знам дека се стари?“
„Отворете и видете ги“
Отвара, гледа внатре со прашина целите, се познава користени дека се, и мораше да ме пушти...