Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1929326 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12135 на: 29 Декември 2021, 09:36:42 am »
И има друг момент што нашиот менталитет ни е да купиме прво кола па послем другото да гледаме а ако тргнеш во старт скратиш колата колку и да е мерак додека не го средиш станбеното прашање ете ги парите за уредување или дел од учеството, да бидеме реални кола е голем потрошувач доколку сакаме ем да штедиме ем да се возиме

Многу помал потрошувач е кола од стан и храна. А без кола тешко се живее.

Огласи ги на пазар3 и реклама5.

Не се даваат толку лесно ниви изгледа таму каде што се.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12136 на: 29 Декември 2021, 09:57:09 am »
Изгледа не се атрактивни твоите.
Инаку профитабилни ниви, кои татко веќе остарел и не може да ги работи, а синко сака у стан у Дебармаало да живее, лесно се продаваат.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12137 на: 29 Декември 2021, 09:58:43 am »

Ако останат цело време на тие 400евра плата, за 5 години би имале за учество. Со парите што ќе ги добијат како поклони на свадбата ќе платат за уредување на станот. Им останува само еден кредит а тоа е станбениот, па место кирија ќе си плаќаат рата наредните 30 години. Ако им помогнат и родителите тогаш ќе имаат и помала рата него ли што плаќале кирија.

Ништо не ги спречува да се изборат за повисока плата, дали на истото работно место или на друго.


Многу ми е мило вака што има бар некој во државава што живее убав живот и се му е сведено на 1 и 0, црно и бело, лево и десно...

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5361
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12138 на: 29 Декември 2021, 10:51:40 am »
Со 400 евра, за деца размислување можи по 30 години, да се исплати станот прво, во меѓувреме не е лошо едно јаже, типла и штраф за се чува дома, не знаеш кога ќе те спофати некоја болест или отказ, барем ќе се овисниш од таван дури е во твоја сопственост.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12139 на: 29 Декември 2021, 10:55:17 am »
Како може болест или отказ да те снајде за 30 години? Шо праиш муабет...?

Мама и тато ќе помогнат, шо се секираш!

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3665
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12140 на: 29 Декември 2021, 11:05:58 am »
Ако планираш цел живот да земаш 400 евра тогаш тешко е, ќе треба да приработваш настрана. Обично од коа ќе се вработат треба да се трудат да добијат покачување или со стекнатото искуство да побараат подобро платена работа.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12141 на: 29 Декември 2021, 11:10:04 am »
Чоек, се тоа е во ред, само со просек плата во државава не можеш да убедиш човек да се дрзне да заџапа раце во кредитирање на свое живеалиште.

Па и да успеат двајцата да заштедат за учество за 5 години, што живот ќе биде тоа? 5 години агресивно штедење, 30 години агресивно отплаќање кредит... Половина живот со секирации.

Пружи нозе колку што имаш черга, студи и влече бетонот.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3665
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12142 на: 29 Декември 2021, 11:14:29 am »
Епа добро, продолжи доживотно под кирија.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12143 на: 29 Декември 2021, 11:14:41 am »
Како може болест или отказ да те снајде за 30 години? Шо праиш муабет...?

Мама и тато ќе помогнат, шо се секираш!

Чичко Дизел, најреален си тука.
Дојде време не знаеш од денес за утре што ќе биде, не па за 20/25 години.
Ете ја короната за пример, 2019/20 многу дуќанчиња затворија, луѓе без работа. Кој би рекол/предвидел дека тоа ќе се деси?
Никој !!!
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1755
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12144 на: 29 Декември 2021, 11:27:44 am »
Со 400 евра, за деца размислување можи по 30 години, да се исплати станот прво, во меѓувреме не е лошо едно јаже, типла и штраф за се чува дома, не знаеш кога ќе те спофати некоја болест или отказ, барем ќе се овисниш од таван дури е во твоја сопственост.
Никој не те спречува ако нешто зашкрипи да го продадеш станот затворш кредитот и со разликата да тераш под кирија или било што.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5361
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12145 на: 29 Декември 2021, 11:31:36 am »
Таа е реалноста, освен во IT секторот и немаш многу избор особено надвор од Скопје, 400 евра се дури и надпросечна, еве за Битола, ако не си партиски изврзан да влезиш Рек/Водовод итн, нешто многу опции и нема за над 400 евра или како шо викаш да си побараш покачување, останати работи места се, комерцијалисти, маркети, угостителство и фабрики. Во првите 3 од 250 до максимум 350е се стига, кај осигуран кај не, договор на 3/6 месеци, последна опција ти се фабриките како Кронберт и Шуберт.. Е таму даваат сега од 400 до 500 евра, ама работата е 8 саати на трака во три смени и два саати превозот напред назад.. И е полнаа, генерално со млади парови испозаглавени со кредити, останати луѓе заглавени со брзи кредити, и друг намачен народ. Пари стигаат ама ебате животот,двата во различни смени, детето как старите, место за прогрес имаш, друга хала да мениш и тоа е тоа. Имам другари веќе по неколку години таму, веќе се осеќа и во менталниот склоп деградирање.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6287
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12146 на: 29 Декември 2021, 11:35:05 am »
A пари за цигари никој не спомнува?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12147 на: 29 Декември 2021, 11:51:29 am »
A пари за цигари никој не спомнува?

Се наоѓа за тоа од спортската што ќе капне еднаш неделно...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12148 на: 29 Декември 2021, 11:52:57 am »
Ако планираш цел живот да земаш 400 евра тогаш тешко е, ќе треба да приработваш настрана. Обично од коа ќе се вработат треба да се трудат да добијат покачување или со стекнатото искуство да побараат подобро платена работа.

Друже, се работи за живеачка, не за математика. Во живеачката има многу, многу непланирани и незгодни непознати. Ти пишав погоре, не е се црно и бело и лево и десно. Има и други нијанси и бои, и средина меѓу левото и десното.

400 евра ја земаш за репер, така? 400 евра не е минималната плата. 400 евра, споредена со минималната и просечната е добра, накај одлична заработувачка во нашава држава. Нека е млад брачен пар, или пред брак, нема везе, а да не се по 35 години двајцата.

Кој стартувал со 400 евра плата во државава? На возраст од 22-28 години, пример? Прво, и дали работи? Може студира.

На 23-24 годишњак, неизживеан, ти ќе му кажеш "а бе, штеди, за едно 10 години ќе ти треба учество за стан"? А реално, мнооооогу малку од таа, се уште пубертетска возраст, дечишта, мисли за утре што ќе јаде, а не за 10 години, во смисла на одговорност. Лесно е сега од оваа перспектива да правиме муабет, и јас би сменил мал милион работи за мене, кога сум имал 25 години, ама не функционира така светот.

Ќе приработувал настрана...? Што ќе приработува, мајке ти? 8 саати му е работен ден, еве нека е од 08.00 до 16.00. Летно време, ај, можно е, ама зимо? Што ќе работи? Уметничко лизгање? Плус, пак земи ја зрелоста на индивидуата во предвид, па натерај го да работи две работи.

По твое, он треба прво да живее, па да плаќа ќирија со сметки, па да заштеди, па да плаќа кредит? Се тоа со 400 евра? А не се 400 евра... Не зезај. А ми кај е дете? Намерно пишав дете, пошто за две или повеќе тоа е веќе во домен на сај-фај.

Еден заеб од типот рикнала пералната, бојлерот или фрижидерот, и ете те, вратен си едно 3-4 месеци назад. Не правам муабет за здравје, не дај Боже...

Правиме муабет за 30 години. 30. Не за 30 саати.

Ќе се трудел да добие покачување...? Колку сака нека се труди, ако "газдата" му се погоди, џабе му е. Нека смени работа, ќе кажеш. Знаеш во државава, а посебно сега со коронава, колку е тешко да мигрираш од едно на друго работно место? Ти би напуштил работа, ма каква била таа, и да "чекаш" боља прилика? Не би рекол. Прво ќе "излезе" подобра работа, па ќе дадеш отказ од постојната. Здравственото осигурување ти е во прекин, ете ти заеб, што повлекува дополнителни трошоци, ако ти притреба баш тогаш. А баш тогаш притребува, мене ми се деси баш тогаш за ќерка ми да не можам да добијам здравствена услуга, па си платив "приватно".

Остај ги муабетите со заштеда. Плус, од свадбата ова-она... Нема врска. Без здрава плата од 1000, 1500, 2000 евра, нема штедење. Бар не сериозно. Или може да има, ама живот нема да имаш со 400 евра и штедење. Ќе си го скратиш векот, од стрес.

Ќиријата си е ќирија. Ја плаќаш, плус режиски трошоци. Ама, ќиријата и ратата сигурно нема да бидат во ист износ. Многу веројатно е дека ќе биде ратата повисока. Плус други давачки, од типот на даноци...

А мислам дека е време и веќе да заборавиме на помош од мама и тато... Ако не, бар да ја сведеме на минимум.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12149 на: 29 Декември 2021, 12:03:37 pm »
Секој со свое размислување и своја математика. Како што пиша Кире погоре, никој не те спречува да го продадеш станот ако нешто се закрши работата. Нема да ти пропаднат парите што си ги дал (освен каматата). А како што кажа ОлМајти, ако станот е колку-толку на добра локација, се продава за 2-3 дена.

А исто така и СкајВокер како што вели, па белки нема цел живот да работиш за 400 евра ебаго, а минимална и просечната плата растат цело време :) Како што расти просечава би требало и на обичниов народ да ни покачуваат :D

Случка на другар. Работи 2-3 години во Скопје и решава да купува стан од ~50к евра со (тогаш) плата од 350-400 евра (не познавам друг во мое опкружување со ваков потег). За учество има 20% од сумата на кредитот од "нивите". Кредитот нормално кренат на 30 години. Ова е некаде 2016-17 година. Тогаш нема некои изгледи да му расти платата, единствено по некој денар од додатна работа (50-100 евра макс месечно). Го оптлаќа како знае и умее (неженет) и по 2-3 години наоѓа работа х3 или х4 од таа првичната :D Тука идиме до муабетот од СкајВокер. Нормално, нема сите да имаме таква среќа (или искуство и знаење што го има другаров) за толку да ни порасни платата, но мора некогаш да ризикуваме и да гледаме на позитивната страна.

Некој погоре спомна дека месечните сметки биле 300 евра :o Можеби ако живееш во стан од 150-200 м2 и се грееш на сопствено парно на струја или имаш наредено 3-4 мајнери :D Јас еве за 50тина м2 плаќам околу 5500 месечно вкупно без никакво штедење.

Но како и да е, еве и јас немам купено стан, а сега инает ме има фатено на цениве па ќе терам со кирија додека не излези нешто интересно :D