А зарем ни едниот ни другиот немаат нешто заштедено пред да почнат со купување?
Ако не живеат под мотото "само треба да најдеш некој да ти го покрие учеството", тие луѓе живеат заедно, и плаќаат кирија и сметки заедно.
Еве, лично искуство, со барање најповолни понуди за све што користам, сметки ми се 6000 денари во пролет и есен, кога не се греам или ладам. Кирија ми е 220 евра, се надевам така и ќе остане на следно обновување договор.
Хипотетички ако имам приход од 800 евра, по платени сметки и живеалиште ми остануваат 480 евра, а уште не сум јадел ништо месецот
Ќе те оставам сам да ми одговориш колку години тој пар треба да штеди за да заштеди за само пола од учеството.
Со 800 евра приходи не се купува стан во Скопје. Во други градови кај што кошта квадрат 600-700 евра, да. Тогаш е изводливо.
Да се надополнам, супер е сопствеништво на недвижнина, сите викаат "се олеснив", "што не посегнав побрзо" итн итн.
Го почитувам нивното мислење и став ама не се пронаоѓам во истиот бидејќи ако во моментов посегнам кон купување стан, трошоците ќе ми скокнат од 320 евра, на 550 евра секој месец и ќе живеам во стан кај што фали трпезариска маса зошто "не можам сеа, може да почека" или да ги продадам колата и точаците (нешта што ми предизвикуваат енормно задоволство) за купам плакари или да направам кујна со бела техника.
Ебан од две страни, ем со помалце пари на располагање, ем во стан кај што ќе треба да јадам на клуб маса.
Фала, не фала. Ќе почекам да најдам животна сопатничка, па тогаш ќе размислуваме заедно