Ако планираш цел живот да земаш 400 евра тогаш тешко е, ќе треба да приработваш настрана. Обично од коа ќе се вработат треба да се трудат да добијат покачување или со стекнатото искуство да побараат подобро платена работа.
Друже, се работи за живеачка, не за математика. Во живеачката има многу, многу непланирани и незгодни непознати. Ти пишав погоре, не е се црно и бело и лево и десно. Има и други нијанси и бои, и средина меѓу левото и десното.
400 евра ја земаш за репер, така? 400 евра не е минималната плата. 400 евра, споредена со минималната и просечната е добра, накај одлична заработувачка во нашава држава. Нека е млад брачен пар, или пред брак, нема везе, а да не се по 35 години двајцата.
Кој стартувал со 400 евра плата во државава? На возраст од 22-28 години, пример? Прво, и дали работи? Може студира.
На 23-24 годишњак, неизживеан, ти ќе му кажеш "а бе, штеди, за едно 10 години ќе ти треба учество за стан"? А реално, мнооооогу малку од таа, се уште пубертетска возраст, дечишта, мисли за утре што ќе јаде, а не за 10 години, во смисла на одговорност. Лесно е сега од оваа перспектива да правиме муабет, и јас би сменил мал милион работи за мене, кога сум имал 25 години, ама не функционира така светот.
Ќе приработувал настрана...? Што ќе приработува, мајке ти? 8 саати му е работен ден, еве нека е од 08.00 до 16.00. Летно време, ај, можно е, ама зимо? Што ќе работи? Уметничко лизгање? Плус, пак земи ја зрелоста на индивидуата во предвид, па натерај го да работи две работи.
По твое, он треба прво да живее, па да плаќа ќирија со сметки, па да заштеди, па да плаќа кредит? Се тоа со 400 евра? А не се 400 евра... Не зезај. А ми кај е дете? Намерно пишав дете, пошто за две или повеќе тоа е веќе во домен на сај-фај.
Еден заеб од типот рикнала пералната, бојлерот или фрижидерот, и ете те, вратен си едно 3-4 месеци назад. Не правам муабет за здравје, не дај Боже...
Правиме муабет за 30 години. 30. Не за 30 саати.
Ќе се трудел да добие покачување...? Колку сака нека се труди, ако "газдата" му се погоди, џабе му е. Нека смени работа, ќе кажеш. Знаеш во државава, а посебно сега со коронава, колку е тешко да мигрираш од едно на друго работно место? Ти би напуштил работа, ма каква била таа, и да "чекаш" боља прилика? Не би рекол. Прво ќе "излезе" подобра работа, па ќе дадеш отказ од постојната. Здравственото осигурување ти е во прекин, ете ти заеб, што повлекува дополнителни трошоци, ако ти притреба баш тогаш. А баш тогаш притребува, мене ми се деси баш тогаш за ќерка ми да не можам да добијам здравствена услуга, па си платив "приватно".
Остај ги муабетите со заштеда. Плус, од свадбата ова-она... Нема врска. Без здрава плата од 1000, 1500, 2000 евра, нема штедење. Бар не сериозно. Или може да има, ама живот нема да имаш со 400 евра и штедење. Ќе си го скратиш векот, од стрес.
Ќиријата си е ќирија. Ја плаќаш, плус режиски трошоци. Ама, ќиријата и ратата сигурно нема да бидат во ист износ. Многу веројатно е дека ќе биде ратата повисока. Плус други давачки, од типот на даноци...
А мислам дека е време и веќе да заборавиме на помош од мама и тато... Ако не, бар да ја сведеме на минимум.