Со просечна плата 400 евра пак е многу.
Забораваш дека обично стан купуваат луѓе што се во брак. Две примања, две плати, итн. Друго е.
Недоволно се изјаснив.
Јас не заборавам. Еве, јас сум во брак, со едно дете. Заработуваме повеќе од солидно, и јас, и сопругата. За лагоден живот.
Што подразбирам јас под "лагоден" живот? Сметките на први да ми се сите подмирени, детето да ми е згрижено со сите негови потреби, фрижидерот да ми е полн, резервоарот да ми е полн, кога ќе ми испадне непланиран трошок овој месец од 100, 200, 300 евра - да не треба кредит да подигам, и да имам 30-40 илјади денари минимум на страна во секој момент, за "не дај Боже".
Не мислам на "искачање", кафани, два летни одмори (па и еден, во последните три години), па скијање, па не знам што... Тоа е за мене луксуз. Две години уназад на една рака се брои колку пати "на кафе" имам испаднато. Кафана? Од 2019-та немам седнато, онака, здраво.
А да си ставам ортома околу врат во наредни 30 години и да немам нормален сон? За стан? Во оваа држава, каде не се знае од денес за утре што и како ќе биде? Не.
Е сега, тука има и друг момент. Овој е муабет за сегашнава моја ситуација, каде тоа би ми било втор стан, пошто сега живеам во мој, и не плаќам ќирија. Да треба да бирам - ќирија или рата, нормално дека ќе биде рата.
Али, и во таков случај, знам дека би ми било МНООООГУ тешко, во сегашни услови.