Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1929166 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12150 на: 29 Декември 2021, 12:08:57 pm »
Плаќаш рати и камата, рецимо, 15 години од 25 години кредит, и се дешава некое срање, и да треба да го продадам станот? Сум го опремувал, сум живеел во него...

Би се обесил, моментално. Само со каматата би покрил 2-3 години живеење под наем.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 476
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12151 на: 29 Декември 2021, 12:51:46 pm »
Плаќаш рати и камата, рецимо, 15 години од 25 години кредит, и се дешава некое срање, и да треба да го продадам станот? Сум го опремувал, сум живеел во него...

Би се обесил, моментално. Само со каматата би покрил 2-3 години живеење под наем.

Си живеел под кирија 15 години * 200 евра месечно = 36.000 евра до тогаш само за кирија.
Ти се деси некое срање после 15 години ќе останеш само со срањето...

Станот после 15 години се продава, се враќа дел од парите на банката, а другиот дел за тебе.
Плус друга битна работа, како што одат работиве... станот после 15 години ќе вреди многу повеќе од кога си го купил, а со тоа се покрива каматата...

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7004
  • хаУс мајстор
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12152 на: 29 Декември 2021, 13:03:39 pm »
Реално станбено прашање се решава со време, ама многу сме зелени во главата тогаш.

Да немам стабилно работно место и кров од мама и тато, лично јас 10г ќе ги потрошев на црнчење во странство, па после тоа со пари ќе размислував за кров над глава и семејство.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12153 на: 29 Декември 2021, 13:40:31 pm »
Како бе така лесно продавате ниви, коренот нема да ви се знае :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7004
  • хаУс мајстор
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12154 на: 29 Декември 2021, 13:41:42 pm »
Како тргнала работава, подобро е да продадеш додека не ти го зеле.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12155 на: 29 Декември 2021, 13:46:04 pm »
Плаќаш рати и камата, рецимо, 15 години од 25 години кредит, и се дешава некое срање, и да треба да го продадам станот? Сум го опремувал, сум живеел во него...

Би се обесил, моментално. Само со каматата би покрил 2-3 години живеење под наем.

Си живеел под кирија 15 години * 200 евра месечно = 36.000 евра до тогаш само за кирија.
Ти се деси некое срање после 15 години ќе останеш само со срањето...

Станот после 15 години се продава, се враќа дел од парите на банката, а другиот дел за тебе.
Плус друга битна работа, како што одат работиве... станот после 15 години ќе вреди многу повеќе од кога си го купил, а со тоа се покрива каматата...
Така лесно се продавало...
На една колешка и згусти и одлучи едниот стан да го продава, на крај си зеде кредит.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10281
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12156 на: 29 Декември 2021, 13:52:35 pm »
Како бе така лесно продавате ниви, коренот нема да ви се знае :)
ќе се пресадиме xD

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2274
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12157 на: 29 Декември 2021, 14:12:49 pm »
Во мојот случај мислам дека пред 2 и кусур години во последен момент земав стан (на кредит) по некоја понормална цена, станот ме чинеше 61.000 е, а денеска истиот стан чини околу 75.000 е.

Кредитот е на 30 години (да сме живи и здрави), со месечна рата од 315 е.

Вкупни месечни приходи од палта ни се околу 65.000 денари. Од гарсоњерата има месечен прилив од 6.000 ден. Вкупно 71.000 денари.

Со станот (гарсоњера) што ја имаше сопругата од претходно го покривме учеството (со хипотека и на гарсоњерата), мада од банката ја ценеа само 13.000 е, а реална пазарна вредност (пред 2 години) и беше околу 25.000 е.

Ситни задоволства од типот на кафани, ресторани и сл не практикуваме или многу ретко практикуваме, не заради друго, никогаш не ни било начин на живот, исто како и на моите родители. А денеска, и немаме баш нешто многу време за денски екскурзии, посебо со ковидот.

Тераме годишно по еден скромен одмор во Грција, со околу 600-800 е. Додуша оваа година бевме и во Охрид 3 дена  8).

Нормално потребите на детето на прво место, и други приортети како што одат по ред.

Додека бев сам ми ми носеа кошули Burberry од Англија по нарачка, почесто излегував, Голфот (тогаш 7 години стар) во овластен мазење, пазење, премиум летни/зимски гуми и други салтанати. Ми требаа пари за опремување на станот и не се мислев дали да го продадам за тоа, земав Гранде па и тоа го продадов за 6 месеци, сега сум со Сеник, постар дизел, со повеќе км и ич не ми е битно. Побитно ми е што детето има детска соба.

Нормално би сакал да се има повеќе пари за некој all inclusive одмор, (по)нова кола и сл, можеби повеќе викендашки тури шетање ама да сме живи и здрави.

А малку и сме разгалени помладите генерации, за разлика од времето на моите (нашите) родители. тогаш биле задоволни со Застава 101, замисли со еден сет Тигат или Трајал гуми, поскромни работи, трпези, задоволства.

Денеска колата мора да биде СУВ, МПВ, со масажери, камери, телевизори, 3 сета гуми (покрај летен/зимски сет и еден целосезонски за измеѓу сезона  :)), мора да се оди на скапи одмори на поеклузивни места, а не као порано во Крани, Отешево и сл.

И ние полека станавме потрошувачко општество и си го плаќаме и ќе си го плаќаме данокот за тоа. 

Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12158 на: 29 Декември 2021, 14:32:42 pm »
Трагедија стварно, младите не сакаат 20+ години стари коли да возат за 5000 евра. Што ли ќе правиме.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7348
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12159 на: 29 Декември 2021, 14:42:03 pm »
Реално денешните млади, малку ја претеруваат. Напладне кафенце и палачинка во ситимол, приквечер кафанка/ланчбар. И тоа фикс пон-петок, а викенд се знае- кафана/викенд спа.  Значи секојден, ама буквално секој ден трошоци за провод. 30 дена по 10 евра просек = 300 евра само искачања и провод, ама минимум. Ајфон 1200 евра секој година-дена? А сметки, а кола, а облека?   Стан ќе купиш само ако добро пушиш кур и имаш богат спонзор, или се занимаваш со нелегални работи, криминал, дрога и слично или имаш богати родители. Тоа е проста математика.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12160 на: 29 Декември 2021, 15:05:37 pm »
Аааа, си старееш полека ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7004
  • хаУс мајстор
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12161 на: 29 Декември 2021, 15:30:37 pm »
Реално денешните млади, малку ја претеруваат. Напладне кафенце и палачинка во ситимол, приквечер кафанка/ланчбар. И тоа фикс пон-петок, а викенд се знае- кафана/викенд спа.  Значи секојден, ама буквално секој ден трошоци за провод. 30 дена по 10 евра просек = 300 евра само искачања и провод, ама минимум. Ајфон 1200 евра секој година-дена? А сметки, а кола, а облека?   Стан ќе купиш само ако добро пушиш кур и имаш богат спонзор, или се занимаваш со нелегални работи, криминал, дрога и слично или имаш богати родители. Тоа е проста математика.
Децата во никој случај не се криви. Што ќе си посадиш, тоа и ќе жнееш.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1734
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12162 на: 29 Декември 2021, 15:37:12 pm »
Не е проблем инвестиција во стан, нормално дека прво треба да се среди станбено прашање па после луксузи ако се може. Проблемот се цените и побарувачката, цените ги пумпаат, денес м2 1050, за 3 години 1200, следните 3 1500, и за 10 години 2000 евра м2. Да бевме некој град ау бау да сфатам, ама градче како Скопје со милион жители, пренаселеност, се бутаат паркови за да се гради згради, и шлагот ти го продаваат 2,3 пати поскапо од што вреди.

После идеме загаден воздух, како да го решиме проблемот, нема ветре, се се затвори, нема паркинг место.

Да се развиваше градот плански, ниту цените за м2 ќе беа скапи, ниту ќе имаше проблеми со воздух, ама веројатно сите сакаат да живеат на 3,4кмод центар, да исплаќаат стан додека им стигне првата пензија, и да ги носат децата на водно и вон градот за да подишеле малку воздух... Go figure

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8436
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12163 на: 29 Декември 2021, 15:58:14 pm »
Реално денешните млади, малку ја претеруваат. Напладне кафенце и палачинка во ситимол, приквечер кафанка/ланчбар. И тоа фикс пон-петок, а викенд се знае- кафана/викенд спа.  Значи секојден, ама буквално секој ден трошоци за провод. 30 дена по 10 евра просек = 300 евра само искачања и провод, ама минимум. Ајфон 1200 евра секој година-дена? А сметки, а кола, а облека?   Стан ќе купиш само ако добро пушиш кур и имаш богат спонзор, или се занимаваш со нелегални работи, криминал, дрога и слично или имаш богати родители. Тоа е проста математика.

Ајде сега, Спенсер, да кажеш и ти кај ти е Ферарито! :)
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7004
  • хаУс мајстор
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12164 на: 29 Декември 2021, 16:02:31 pm »
Покрај обиколница во нивите ;D