Автор Тема: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style  (Прочитано 73922 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #45 на: 28 Ноември 2016, 13:34:29 pm »
Инаку секоја чест за колата, еден куп опрема и елеганција си добил за инзворедна цена :)
« Последно менување: 28 Ноември 2016, 13:48:32 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #46 на: 28 Ноември 2016, 13:45:39 pm »
супер фамилијарно ауто,поготово за тие пари ептен си вреди.мислам дека подобар избор не си можел да направиш на боја,опрема,бандаши.ако си во можност најди половни челични и на нив монтирај зимски гуми,не ги дирај овие.за патосници,за вака ново возило би ти предложил да побараш поскапи некои,50-60 евра нагоре или нарачај си од кај што ја зема колата,има разлика во изглед и квалитет.

Јас имам дилема, зашто не би возел зимски/летни на исти бандаж, пошто викаш да најде челични и да не ги дира овие. Има некој проблем ако се менуваат летни/зимски на истиот бандаж?

Еднаш е доволно да не му е денот на дечкото што монтира гуми за да ти отиде цел сет гуми во ѓубре. Имаме член на кој му се случи тоа. Плус, сетот гуми и бандажи го балансираш еднаш и само монтираш/демонтираш како што се менуваат сезоните.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #47 на: 28 Ноември 2016, 13:52:42 pm »
Како мислиш цел сет во ѓубре?

Аха еднаш, добро не мора баш секоја сезона али си се дебалансира тоа не е за навек. Дупки ово оно... Од перална од вап ќе падне тегче итн.  Единствена предност е што не ги малтретираш гумите да ги шири на машината и тоа што алуминиумските ќе ги зачуваш повеќе.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #48 на: 28 Ноември 2016, 13:54:53 pm »
браво за колава, со здравје да си ја возиш. темава ке ја читам доста. многу мерак ми прави

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #49 на: 28 Ноември 2016, 14:00:46 pm »
Вистинска лепотица! Со здравје да си ја возиш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #50 на: 28 Ноември 2016, 14:01:37 pm »
Како мислиш цел сет во ѓубре?

Аха еднаш, добро не мора баш секоја сезона али си се дебалансира тоа не е за навек. Дупки ово оно... Од перална од вап ќе падне тегче итн.  Единствена предност е што не ги малтретираш гумите да ги шири на машината и тоа што алуминиумските ќе ги зачуваш повеќе.

На Куоре Спортиво му уништиле цел сет прилично нови гуми при монтажа или демонтажа, му ги оштетиле рабовите кај што гумата дихтува со бандажот. Не викам дека тоа се случува често, ама при два пати годишно менување гуми, шансата драстично се зголемува.

Како и да е, осеќам обврска да кажам дека таква ситуација се случила, па членот сам нека си се пресмета. :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #51 на: 28 Ноември 2016, 21:47:36 pm »
Инаку Hill Assist се активира автоматски на узгорница и уздолница. Мене искрено ме нервира опцијава.
Научен сум рачна да не користам на узгорници и уздолници, освен ако не се многу стрмни.
Инаку се активира на малку пострмни терени. Застануваш, пушташ ножна кочница и колата држи 3-4 секунди како да е блокирана. Пробуваш да тргнеш и пушта. Искрено мене ке ми угаснеше колата, пошто не навикнат :) И ми иде на живци. Со тек на време ке се навикнеш, па можеби и ке ти користи.
:)
Значи барај пострмен терен. Како на пример узгорницата накај Козле и слични.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #52 на: 29 Ноември 2016, 13:06:55 pm »
Се слушнав со Хјундаи денеска и ми кажаа дека кај мене имало сензори за притисок во гуми и ако купувам нови бадажи ке мора и сензори за нив да купам. Незнаеја да ми кажат дали ке бордот ке јавува грешка ако ставам бандажи без сензори.

@SaleSk да не имаш некое инфо ?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #53 на: 29 Ноември 2016, 13:08:43 pm »
Сензорите за притисок се ставаат на самиот бандаш (се монтираат) и  се вадат и се ставаат на други бандаши. Буквално се навртуваат.


Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1507
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #54 на: 29 Ноември 2016, 13:25:26 pm »
:(
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Само ова не ми се допадна.
За се друго Лајк !
Честита Со здравје да си ја возиш.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #55 на: 29 Ноември 2016, 13:59:06 pm »
@SaleSk да не имаш некое инфо ?

Имам.
Јас купив бандаши, можда и ги виде во темата кај мене. Бандашите се од Мазда, немаат сензори.
Инаку, доколку ти падне притисокот во гумите под 1,9, системот ке те алармира. Тоа мене ми се случи. Свети жолта сијаличка со гума, тоа значи дека има некаков проблем со притисокот во гумите.
Е сега претпоставувам дека доколку ги извадиш гумите, и ставиш други бандаши, ке ти светне истото сијаличе. Не сум пробал, но претпоставувам.
Нема никаква штета од тоа, освен ако не ти пречи.
Инаку и да купиш сензори, треба да најдеш оригинални. Оригиналните мислам дека беа 80 евра по сензор и тоа на е-bay :)
Што по мене е ноу сенс да се даваат толку пари.

Е сега постои процедура за најавување на сензорите. Истите кои ги имаш на бандашите се веќе најавени во системот, односно во компјутерот.
Доколку ги смениш со други фелни, на кои да претпоставиме имаш оригинални сензори, ке мора да се направи повторно процедура за најавување во системот. Значи пак ке мораш да ја носиш колата во сервис за да ги сменат.
По мене е подобро да свети сијаличка, одколку да си го комплицираш животот.

Description

1.    
Mode
(1)    
Configuration State
A.    
All sensors should be in the Low Line (Base) state.
B.    
In Low Line (Base) configuration, sensor transmissions occur every 3 minutes 20 seconds (nominal) and pressure is measured every 20 seconds.
(2)    
Normal Fixed Base State
A.    
Sensor transmissions continue at the Low Line (Base) configuration defined rates until the state is either changed by LF command or by the sensor detecting a condition that requires a temporary change to another state.
B.    
The LF command to this state must contain the sensors ID.
(3)    
Storage Auto State :
A.    
This state is a Low current consumption state.
B.    
Sensors are in this state when they first arrive at the dealership (either on the vehicle or as replacement spares).
C.    
In this state, the sensor does not measure pressure / temperature / battery level.
D.    
The sensor will not transmit in this state unless requested to do so by the initiate command.
(4)    
Alert State :
A.    
The sensor automatically enters this state if the measured temperature exceeds 230 °F(110 °C) and over temperature shutdown is likely.
B.    
In this state, pressure is measured every 4 seconds and RF data transmitted every 4 seconds.
C.    
The state lasts for 1 minute if it is pressure triggered.
D.    
This state is alse entered when a 3 psi change in pressure from the last RF transmission occurs.
Sensor mode is used to configure sensor between high line and low line system. TPM sensor for MD should be set to low line.

Тоа беше како работи сензорот. Еве како изгледа најавувањето во системот.















Тоа е тоа. Се надевам малку ти се разреши мистеријата :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #57 на: 29 Ноември 2016, 14:09:44 pm »
Toa e џабе, али мора да се провери дали ке одговараат
http://www.ebay.com/itm/NEW-Set-of-4-TPMS-Tire-Pressure-Monitor-Sensor-Factory-OEM-52933-3X300-/162036378518?fits=Make%3AHyundai%7CModel%3AElantra&hash=item25ba1eeb96:g:JOsAAOSwgApXDUdI&vxp=mtr

Можда ова одговара...

Едино знам дека кај мене овие одговараат и малку се поефтини сега него лани:
http://www.ebay.com/itm/RDKS-HYUNDAI-ELANTRA-11-2015-12-2016-52933F2000-433MHz-Reifendrucksensor-TPMS-/251952290363?hash=item3aa986da3b:g:cpgAAOSwKtlWqWz1


Според кодниот број вреди да се проба, но се е за џабе ако треба процедура со најавување да се прави, нели?
Само треба тоа некој да го потврди од сервис..

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #58 на: 29 Ноември 2016, 15:41:59 pm »
@SaleSk ако те разбрав убаво сега си возиш со бандажи без сензори и ти свети сијаличката и нема проблем никаков ?
Инаку во Хјундаи ми бараа околу 100е за еден челичен бандаж + 50е сензор + 50е гума = 800 евра цел сет. :) :)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #59 на: 29 Ноември 2016, 20:22:52 pm »
Оргинал сензори за притисок да купиш, треба посебни бандажи за таа намена, тие имале лежиште за нив, кај киа е така.


Со здравје да се вози, убаво ауто, предната решетка е огромна и не ми прави кеф, убава линија а убав ентериер има внатре и е пиц пец, мислам и дека има добра положба за седење вака видено од око.