Автор Тема: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style  (Прочитано 73904 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #15 на: 27 Ноември 2016, 19:29:28 pm »
Бушење ако сакаш без рамка да бидат инаку нема потреба... Како што гледам има штрафчиња за рамката. А имаш и друга опција ако сакаш без рамка, не со бушење туку со лепење.

Нема да траскаат на затварање, само да се намести табличката на рамката убаво да биде стегната.

Би се изненадил. 95% од колите што ги зимаме на тест имаат лошо наместена задна таблица.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #16 на: 27 Ноември 2016, 19:34:39 pm »
Верувам, мене лошо ми беше наместена, чак и возачка врата кога затварав трескаше ептен тенекија беше  ;D После открив дека на самата рамка доле има плус 3 пластичиња. држачи, ја стегнав и сега е коска, не се слуша ни гепек кога затварам :)

Отсутен Ilija_f

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #17 на: 27 Ноември 2016, 19:57:28 pm »
Честито, со здравје да се вози :)

За затворањето на ретровизорите, тоа не е проблем или дефект. Кај сите коли е исто. Аглите на поставеност на ретровизорите не се исти поради местото на седење на возачот. Па затоа времето на затворње не е исто.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #18 на: 27 Ноември 2016, 20:03:29 pm »
Честитки :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #19 на: 27 Ноември 2016, 20:23:52 pm »
Стакло е аутово на изглед. Си го скоцкал 95% да е ко што треба! Дизајнов стокмен цакум пакум.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #20 на: 27 Ноември 2016, 20:38:58 pm »
Best buy ауто во моментов во однос на цена, не може ништо да го победи!
Со здравје да си ја возиш и многу км да и набиеш! :D
Не сум информиран многу, имаат ли дизел во понудата или само овој агрегат е?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #21 на: 27 Ноември 2016, 20:40:10 pm »
супер фамилијарно ауто,поготово за тие пари ептен си вреди.мислам дека подобар избор не си можел да направиш на боја,опрема,бандаши.ако си во можност најди половни челични и на нив монтирај зимски гуми,не ги дирај овие.за патосници,за вака ново возило би ти предложил да побараш поскапи некои,50-60 евра нагоре или нарачај си од кај што ја зема колата,има разлика во изглед и квалитет.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #22 на: 27 Ноември 2016, 20:44:41 pm »
За патосници, можам да ги препорачам теписонските од Самад. Многу културно. Гумени патосници никако.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #23 на: 27 Ноември 2016, 20:56:11 pm »
Благодарам на сите за честитките.

Патосници има во Хјундаи 4500, ама мислам дека се многу пари или вредат за парите ?

За патосници, можам да ги препорачам теписонските од Самад. Многу културно. Гумени патосници никако.

Што им фали на гумените ? Да не имаш некоја информација колку цена се во Самад да се изработат теписонски ?

бандаши.ако си во можност најди половни челични и на нив монтирај зимски гуми,не ги дирај овие.

Сакам да си земам нови, незнам како идат со цени. Ама не стигнува за се, па веројатно од наредна сезона ке си купам челични.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #24 на: 27 Ноември 2016, 20:57:23 pm »
Субјективно не сакам гумени патосници. Нити ми изгледаат убаво, нити ми се практични.

Не памтам точно во Самад цени, ама сигурно е сумата пониска од 4500 денари.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #25 на: 27 Ноември 2016, 21:39:43 pm »
Честито ново аутце и среќа на патиштата.

За климата и ретровизорите ти кажаа, за патосниците јас би ти препорачал сосема спротивно од класниот (субјективно), гумени. Особено сега зимно време, лесни за одржување и мене воопшто не ми изгледаат лошо.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #26 на: 27 Ноември 2016, 21:40:04 pm »
1300 и 1800 денари се во Самад, ако добро се сеќавам. Вторите се со погуст, подебел теписон, за премиум осет.

И јас сум многу против гумени патосници, кои убаво личат само додека се нови. Кога ќе се зашљакаат, чистење до like-new состојба... само со полиција. Теписонските патосници ќе ги ушљакаш, ќе го оставиш ушљаканото да се исуши, ќе ги поминеш со усисивач со четка - и оп - нова патосница. :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #27 на: 27 Ноември 2016, 21:44:22 pm »
Според моето искуство,гумена патосница само со вода да ја пројдеш ко нова е,за разлика од теписонска,која си сака многу повеќе пимплање,поготово зимно време.Моментално имам платнени,кој се за менување,и ќе ги сменам со платнени,зашто и мене не ми се даваат 4-5000 за саглам гумени(имав такви во ибицата,знам какви беа).Се извинувам за оффтопик.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #28 на: 27 Ноември 2016, 22:01:15 pm »
Јас би рекол гумени патосници за зима а платнени за лето. Влагата и замаглувањето на стаклата од испарувањето на платнените патосници во зима  (а богами понекогаш и миризбата ) ужасно ми смета  :-\

Отсутен martinmax

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Hyundai Elantra 2016, 1.6 MPI GLS Style
« Одговори #29 на: 27 Ноември 2016, 22:03:59 pm »
Честитки, јас дадов капар за црвената варијанта. Околу фебруари(кога ќе ја земам), ќе ја представам во гаража :)