Автор Тема: корисничко искуство со бренд апарати за домаќинството,бела техника  (Прочитано 41030 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
arata koga perese se gledase do pola staklo imase voda ovaa novava mislis deka edvaj ima voda vnatre.
Ова есапи го за предност. Ти штеди бајаги вода машината.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Prodavacot ni kaza bas koga ja zimavme deka starite trosele okolu 150l voda na perenje dodeka novive od 60 do 90l.
Demek tuka e ustedata arno ama struja sto vrti 3 saati mesto 1.5 nekako nemi ide esapot.
Upatstvoto e prostudirano nekolku pati aj bozem nie nesto pogresno da ne rabotime ama nema toa e toa stavas na program za pamuk i na display izlaga vreme koe treba da pere.Vremeto se poklapa so vremeto od upatstvoto.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Имаш програми од пола саат па до 4:30, си треба читање на упатството.

Sent from my Huawei P9



Плус новиве на иста програма перат различно време во зависност од количината на алишта. Колку повеќе алишта подолго ќе пери. Барем оваа мојава така најпрво по одбирањето на програма ќе ги сврти алиштата неколку пати ќе направи калибрација според тежината и ќе почне да пере. Станува збор за LG direct drive.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Ако работи една машина 3 часа не значи дека троши струја двојно од некој што работи 1 час. Конкретно машината за перење троши струја само која работи грејачот за вода. Исто и таа за садови.

Цитат
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Спојот во ќошот е она што не е завршено како што треба.

@maci

Убаво испаднале плакарите.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: корисничко искуство со бренд апарати 
« Одговори #34 на: 21 Ноември 2016, 11:52:11 am »
Дали ќе ти биде проблем да пуштиш слика од спојот кај тебе?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: корисничко искуство со бренд апарати 
« Одговори #35 на: 21 Ноември 2016, 13:51:07 pm »
Номо проблемо :)

Еве го линкот

http://imgur.com/a/1DfiF

п.с. не сум заборавил за точаците :) останува на тоа кога можеш да ги земеш.
« Последно менување: 21 Ноември 2016, 20:52:41 pm AllMightyMe »

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Туш кабината по мерка е и кој ти ја правеше?
Димензии и цена, може и во ПП.

Благодарам.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: корисничко искуство со бренд апарати 
« Одговори #37 на: 22 Ноември 2016, 11:43:28 am »
Номо проблемо :)

Еве го линкот

http://imgur.com/a/1DfiF

п.с. не сум заборавил за точаците :) останува на тоа кога можеш да ги земеш.

Чирче имаш ти на аголот.
Како кај Сале.

;D ;D

Другото не го коментирам.....

Како треба кога веќе морате да имате кујна елементи на агол.
https://www.youtube.com/watch?v=XCGOSbTuDew

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Јас прифаќам критики, така да пуцај слободно, за да си знам за во иднина. Иначе да не нагаѓам, пиши што е чир :) ?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: корисничко искуство со бренд апарати 
« Одговори #39 на: 22 Ноември 2016, 12:08:08 pm »
Чир би било тоа слепото парче во аголот. Некој си 4-5см во ширина кај висачот.
Чирот горе е од една страна долу е од друга. Зошто не се во вертикала?

Линиите од долу не се пратат со горните. Скроз различна е тоа долу со тоа горе. Како да се работи за различни кујни кои се споиле во еден простор. Вертикално отворање на горните висачи е многу тешко и проблематично за пониски луѓе (башка шо механизмите се критични и прашање е на време кога ќе се расипат). Мијалникот е многу голем за ова кујна. Фиоките ти се поставени на лошо место. Фиоките и мијалникот се двете најкорисни работи во кујната, а тие се сидираат. Мислам дека можело да се направи по фукнционална.
Ама не значи дека јас сум во право. Можда такви биле условите, можи вие намерно така сте сакале.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Фиоките навистина малку непрактично изгледаат, и бидејќи страдам од блага форма на OCD ;D, ми засметаа линиите и мене.

Во врска со спојката меѓу плотните, не е посебна пила, туку е начинот на составување на плотните. Се сечат под агол од 45 степени што придонесува до тој seamless изглед, и е несомнено поубаво решение од обичните спојки, но клиенти го избегнуваат зошто тоа значи дека треба да доплатат +60цм плотна. :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Исто и биберот му е при крај :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Фала на сугестиите :)

Сеа како идеше целата работа
Ќошот не беше идеални 90 степени, и заради тоа мораше да се прават некакви комбинации со „чировите“ и мислам дека беа споменати од негова страна. Вратничката од елементот во ќошот се отвара на лева страна со цел да имаш пристап и искористеност на целиот ќош. Можеби можело да биде без тоа, можеби и не од изведувачки аспект ... Долната пак вратничка, најпрвин ја имаше поставено да се отвара на лево, па потоа ја премести на десно.

Кога сме кај ќошот, лабавото е големо, знам. Односно тоа беше најголемото што го имаа а воедно и најдлабокото. Едноставно жена ми сакаше така, за да не прави лом ако сака да измие некоја тава ...

Околу немањето стандардни линии по вертикала на горни и долни елементи. Мене не ми ни текна на таа варијанта, можеби ќе се сложеле ако земевме машина за садови од 45 цм, но земавме од 60 па претпоставувам тука не се сложуваат крајниот горен и долен елемент. Башка по сеќавање знам дека збореше колкава макс ширина можат да носат механизмите што се отвараат по вертикала. Кога сум кај нив, механизмот е на Блум, така да после година работи како првиот ден. За понатаму ќе видиме.
Околу фиоките и мијалникот. Неговата првична идеја беше плотната и рерната да бидат кај фиоките, нешто што мене не ми се допаѓаше зошто најчесто ќе се врткаш низ ќошот а тука ти е рерната кој иако има ладна врата, пак некако непрактично звучеше. Башка, плотна од керамика во близина на мијалник, не ми се допаѓаше. Дали сум бил во право или не, незнам :) можеби и заради тоа и кај десната страна не се поклопуваат по вертикала.
Битно по хоризонтала е ок :)
Фиоките иако ви изгледаат чудни, од пракса се одлично димензионирани. Првата и најтенката е за прибор за јадење и сл раб. Втората за послужавници, тави и сл... Третата за помали тенџериња, Четвратата за длабоки. Позицијата на фиоките е добра зошто од машина можеш одма во фиока да ставиш без да мрдаш. Затоа и не ми пречи што се кај мијалникот зошто тој не се користи мн многу.
На десната страна немаше вертикално отварање зошто тука е издувот на аспираторот и тој дел не се користи мн многу, повеќе за работи што не се користат често, башка и дополнителни пари за механизам.

Околу спојката, 60 цм плотна е еве 1 метар кој е околу 1800 денари и е смешна сума кога ќе се земе предвид цела кујна колку чини. На сликата едната спојка е на предната страна на умивалникот, другата е на десната страна.

Дека секогаш може подобро, може. Дека јас немав мн појма што ќе се прави, немав :) Али тоа е тоа, вие не знаете само какви комбинаторики морав да правам со струјата за да има секаде. Среќа од ѕидот на десно имаше од другата страна трофазен 3х2.5 кабел и уште еден кај лабавото. Башка водата. Затоа во десниот ќош има додаток над плотната, за да се скрие цевката која оди од средина на ѕидот до крајот па надоле :) Инсталација предвидена за кујна пред 40 години. Кога му кажував на водоводџијата дека нема простор за грешка, ме гледаше шашаво :)
Али јас сметам дека како сме се надали добро сме се удали :) 

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Штом сте вие среќни. Тогаш ништо друго не е битно.

Башка ете некои идеи за во иднина, кога ќе реновираш.
:)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
За механизмите ич гајле да немаш, на домашната кујна татко ми стави GTV, веќе 5та година ни звук ни денивелација ни ништо. Амортизерите (кај што се прицврстуваат за елементите) прокрцкаа, исто GTV али малку маст го реши проблемот.

Иначе си има терсене луѓе, им менуваат 30 евра за плотна, али тоа е тоа :)

Преуредување на електрична инсталација е најголемиот pain in the ass кога пробуваш да прилагодиш стара просторија, во просторија од 21 век. Те разбирам низ што сте поминувале, го јадевме тој стап пред 5 години и ние ;D