Монтажата на умивалникот (или лавабото) е работа на „кујнарот“. Одводот и доводот на вода се за друг мајстор.

Иначе, да не бидеме скроз офтопик, да дадам 5 денара на оваа тема (поточно на функционалноста на кујната) бидејќи сум научил нешто низ годиниве како чирак.
1.
ПЛОТНА- До сега, 90% од клиентите што се двоумеле помеѓу плотна со две и четири решоа, и се одлучиле за четири, се покајале за изборот особено ако се работи за помала кујна. И онака голем дел од плотните се со 2х2 решоа со еднаква големина, а колку и да е комплициран рецептот не се користат повеќе од 2 решоа.
Затоа, плотна со две решоа е идеален избор за помал простор, поефтина набавна цена, помала шанса да ја здробиш и така натаму.
2.
ФУРНА- Исто зависна од просторот. На помалечки кујни препорачуваме да се монтира веднаш под плотната (или плотната да се монтира над фурната) ради менаџмент на кабли и плотната да ја користи веќе постоечката вентилација направена за фурната.
- На поголеми кујни кои имаат имплементирано и столб во нив, на изглед порастеретена кујна се добива ако фурната се стави во столбот.
3.
ЧЕШМА- Ако располагаш со повеќе пари, прекрасна опција се умивалници од вештачки гранит, како што ти предложил AUDI на претходната страна. Позицијата на истиот највеќе зависи од должината на кујната, т.е. работната маса. Треба да се води сметка и да се добие што поголема работна површина, дури и ако тоа значи умивалникот да го збуташ во ќош. По желба на клиенти, и покрај наши сугестии дека нема да имаат доволно работна маса, го ставивме умивалникот на средина и од страните им остана по метар-и-ситно работна маса, малку непрактично.