Да го пренесам и јас 2 годишното искуство со апаративе за домаќинство.
Рерна - Gorenje Ora-Ito, Добра е наизглед, лесни команди за користење но мајка ми гледам се жали од нерамномерноста при печењето, така да не би земал повторно
Плотна - Indesit, с 3 рерни од кој 2 се модуларни за помали-поголеми тафчиња. Сега за сега добро се покажува и нема никакви фрикови при користењето како што знаеше да зафркава предходната(не ми текнува што марка беше).
Машина за перење садови - Beko, вградна, најголемата и најдобрата што ја имаа во моментот. Презадоволни сме од неа, супер пере за кратко време. Никакви заглавувања и ни најмал проблем со неа. Мала забелешка што нема никакво ламбиче дека работи па треба да се наведнеш и да слушнеш. Минатат имаше ламбиче на долниот дел од вратата и при работење истото светеше во подот и доста корисно беше.
Микровална - Samsung, вградна, голема, ја земавме најдобрата(најскапата) што ја имаа во продавницата и сега за сега служи добро. Не сум нешто посебно задоволен зошто не ја користиме за ништо друго освен за притоплување на храната од по 30-60 сек.
Фрижидер - Bloomberg, едновратен, доста голем. Презадоволни досега од него. Има интересни опции, екранче на него за контролирање на фунцкиите и приказ на температурата, врата која што пополека се затвора ако не ја држиш, аларм за незатворена врата, лед светилки внатре, бесшумен е скроз(мислам дека инвертер е но не сум сигурен).
Машина за перење алишта - LG Direct Drive 7kg, средна класа некоја. Добро пере како шо слушам

Никакви проблеми до сега со неа. Се наоѓа во сутерен така да незнам како е со вибрации и бучава.
Машина за сушење алишта - Beko Кондезацина. Доста добро си ја врши работата. Далеку подобро од минатата која што беше комбинирана пере/суши и сушеше поспоро и полошо од ваа, а и алиштата доста повеќе ги туткаше.
Телевизор Дневна - Panasonic TX-L55ET60E 55", ПРЕЗАДОВОЛЕН. Нема друго што да се додаде. Да зимам телевизор веројатно пак би бил Панасоник заради доброто искуство со истиов.
Телевизори Детски - Philips 40PFL3088H/12 40" Некоја ниска класа се и врска немаат, криво ми е што земавме 2 вакви и избрзавме но тоа е тоа. 1 у неделата ги губат програмите и мора одново да се пребаруваат сите. Сликата исто така ништо посебно.
Телевизор Спална - Grunding 40" незнам што модел е, мораше да биде бел па по боја биравме

Доста позадоволен него ли Филипсите а беа слична цена 1-2000 разлика. До сега нема проблеми со губерење на програми и слично а и сликата изгледа подобра одколку на Филипсот.