Бев во твојата ситуација минатата година.
За правење на кујна имам професионален човек, инженер, наплаќа по проект не по % со долгогодишно искуство. Ако сакаш број пиши ПП.
Само можам да ти кажам дека на кујна за оков и работна рака не се штеди.
Околу техника.
Телевизор: ЛГ 43 lf 630 v добар агол за гледање, на темна позадина не е нај нај, ми се допаѓа опцијата на аудио излез сигналот да оди и преку звучниците на ТВ и преку излезот.
Недостаток можеби оперативниот систем кој што е нивни, не е Андроид. Али мене не ми игра улога тоа.
Од аспект на брзина на раб и сл. за мене е одличен за цената од 30к што ја платив лани.
Кујна,
Машина за садови: Хотпоинт-Аристон
http://setec.mk/White-Goods/Built-in-appliances/Built-in-dishwasher/HOTPOINT-ARISTON-ELTF11M121-C-EU67899ја користам една година, нормално задоволен, треба само да се прилагоди нивото на сол, бидејќи нашата вода е тврда. Спецификациите ги имаш. Обавезно 60 цм.
Аспиратор:
Целосно вградлив, не телескопски. И јас ги препорачувам Лино т.е. да си земеш од Сколек добри брендови имаат и одлична гаранција од 3 години. Околу моќноста, јас земав 400, али што повеќе тоа подобро. Излезот за воздух е исто битен, најдобро е 15 цм.
Рерна:
Горење
http://www.gorenje.com.mk/proizvodi/bela-tehnika/aparati-za-gotvenje/modeli/vgradni-rerni/bo72sy2b/432408Важна работа, да има тајмер и ладно стакло. Реално денес не се ни користат многу од страна на жените

Не се летај мн скапа да купуваш пошто нема ни да ја користите освен за притоплување и сл.
Оваа рерна има скоро се и е од Словенија.
Плотна.
Незнам дали е поважно индукциска или обична, за мене е најважно да имаш барем 2 фази со 2,5мм3 кабел. Значи доволно ватажа за да ја храни, Обично бараат до 7000 вати ако се вклучиш, а верувај се случува и тоа.
Јас ја земав оваа
http://setec.mk/White-Goods/Built-in-appliances/Cooktops/HOTPOINT-ARISTON-KRC-631-T-X65902Инокс рамката е добра ако случајно потчукнеш со тенџере по работ

Али сега имаш индукциска од истиот бренд, тогаш беше ептен поскапа
http://setec.mk/White-Goods/Built-in-appliances/Cooktops/HOTPOINT-ARISTON-KIC-631-C66324Избрав ваква по совет бидејќи другите немаат голема рингла што се јавува потреба од истата. Од мојот модел можам да кажам дека кога се вклучени ринглите, командите не се премногу жешки за допир што не е случај кај некои други модели. Глеј плотната да ја ускладиш со димензиите на тенџерињата. Патем солидни тенџериња имаш во Меркур Бива 9 парчиња за 3500-4000 денари. Словенски, инокс.
Фрижидер Аристон
http://setec.mk/White-Goods/Refrigerators/Combined-refrigerators/HOTPOINT-ARISTON-EBL-18210-F67606Сега за сега тера.
Мало бојлерче:
Размисли ако имаш голем бојлер во тоалет ако можеш да го приклучиш, инаку се знае Аристон 10 литри или проточен.
Чешма и лабаво.
Твој избор, али естетски подобри се тие од вештачки гранит. Али се паин ин асс за одржување пошо не смееш да оставиш кафе, чај, ајвар

така мораш одма да измиеш. Ако зимаш глеј да не биде црна боја зошто бигорот во водата во СК ја ебе секоја естетика. Искуство од колега. Јас земав од Пирамис заедно со чешма со опција за туш од кај Мегатехна ли беше спроти Дојрана. Имаш исто и во Електроелемент, а чешма видов и во Меркур.
Осветлување:
Проектот на СалеСК, проверена работа, само ја би со 4200К лед лента зошто е работна површина.
Тоалет,
Машина за перење:
Моравме да земе со горно полнење, таков е просторот, Вирпул АВЕ 66910. Глеј да има опции за претперење, дополнително плакнење, регулација на температура и вртежи (мин 1200)
Машина за сушење:
Ова скоро земавме, гледав ... и земав
http://setec.mk/White-Goods/Dryers/CANDY-GVS-D913A2-S69449Ги има сите опции, да продолжи да врти барабанот и откако ќе заврши, опција за пониска температура, би ротационен барабан, сензори за влажност итн... Сите машини за сушење со топлотна пумпа имаат има треба повеќе време за сушење за разлика од стандардните, али затоа се А++ додека другите Б или Ц енергетска класа.
Моментално имаш во Нептун акција истата ваква само 8 кг од 24.000 на 20.800.
Најважниот совет. Прашај пред да купиш дали е од излог или фабрички во амбалажа. Транспортерите знаат да ги УНИШТАТ при носење. Гледај да има резерва во случај да се случи тоа. Али во случај и да е од излог и да е последна, кога ќе ти ја донесат НИКАКО не потпишувај ништо додека не ја прегледаш убаво. Значи УБАВО. Ич да не ти чуе ако они се брзале, ноќе било (глеј преку ден да ги донесат) итн итн. Ако има нешто оштетено стави го во забелешка и сл и имај ти документ за тоа. Нека не те понесе еуфорија дека купуваш и побрзо да ги земеш работите. Ќе се каеш. Од искуство кое што за среќа на крај добро заврши. Опасни финти прават, како на пр ако е удрен фрижидерот од напред, ќе ти го свртат со таа страна спрема ѕид. И да ти кажат да им помогнеш никако зошто после ако ти лизне ти ќе си бидеш крив.
Околу кујната, има што каде треба да биде, но зависи и од инсталацијата. Јас морав еден куп преправки да правам, среќа се испадна како по планот на инженерот. Затоа се зависи од него.
Толку од мене, ако нешто др те интересира пиши.