Фала на сугестиите

Сеа како идеше целата работа
Ќошот не беше идеални 90 степени, и заради тоа мораше да се прават некакви комбинации со „чировите“ и мислам дека беа споменати од негова страна. Вратничката од елементот во ќошот се отвара на лева страна со цел да имаш пристап и искористеност на целиот ќош. Можеби можело да биде без тоа, можеби и не од изведувачки аспект ... Долната пак вратничка, најпрвин ја имаше поставено да се отвара на лево, па потоа ја премести на десно.
Кога сме кај ќошот, лабавото е големо, знам. Односно тоа беше најголемото што го имаа а воедно и најдлабокото. Едноставно жена ми сакаше така, за да не прави лом ако сака да измие некоја тава ...
Околу немањето стандардни линии по вертикала на горни и долни елементи. Мене не ми ни текна на таа варијанта, можеби ќе се сложеле ако земевме машина за садови од 45 цм, но земавме од 60 па претпоставувам тука не се сложуваат крајниот горен и долен елемент. Башка по сеќавање знам дека збореше колкава макс ширина можат да носат механизмите што се отвараат по вертикала. Кога сум кај нив, механизмот е на Блум, така да после година работи како првиот ден. За понатаму ќе видиме.
Околу фиоките и мијалникот. Неговата првична идеја беше плотната и рерната да бидат кај фиоките, нешто што мене не ми се допаѓаше зошто најчесто ќе се врткаш низ ќошот а тука ти е рерната кој иако има ладна врата, пак некако непрактично звучеше. Башка, плотна од керамика во близина на мијалник, не ми се допаѓаше. Дали сум бил во право или не, незнам

можеби и заради тоа и кај десната страна не се поклопуваат по вертикала.
Битно по хоризонтала е ок

Фиоките иако ви изгледаат чудни, од пракса се одлично димензионирани. Првата и најтенката е за прибор за јадење и сл раб. Втората за послужавници, тави и сл... Третата за помали тенџериња, Четвратата за длабоки. Позицијата на фиоките е добра зошто од машина можеш одма во фиока да ставиш без да мрдаш. Затоа и не ми пречи што се кај мијалникот зошто тој не се користи мн многу.
На десната страна немаше вертикално отварање зошто тука е издувот на аспираторот и тој дел не се користи мн многу, повеќе за работи што не се користат често, башка и дополнителни пари за механизам.
Околу спојката, 60 цм плотна е еве 1 метар кој е околу 1800 денари и е смешна сума кога ќе се земе предвид цела кујна колку чини. На сликата едната спојка е на предната страна на умивалникот, другата е на десната страна.
Дека секогаш може подобро, може. Дека јас немав мн појма што ќе се прави, немав

Али тоа е тоа, вие не знаете само какви комбинаторики морав да правам со струјата за да има секаде. Среќа од ѕидот на десно имаше од другата страна трофазен 3х2.5 кабел и уште еден кај лабавото. Башка водата. Затоа во десниот ќош има додаток над плотната, за да се скрие цевката која оди од средина на ѕидот до крајот па надоле

Инсталација предвидена за кујна пред 40 години. Кога му кажував на водоводџијата дека нема простор за грешка, ме гледаше шашаво

Али јас сметам дека како сме се надали добро сме се удали