Dali moze da se namesti na Polonez pikap tovarno plin od dolnata strana na tovarniot prostor te na mestoto na rezervnata guma i kolku ke me cini?
Кај Полонез пикап може да се вгради плински уред со вонгабаритно поставен торусен плински резервоар на место на резервно тркало. Цената за вградување е 340 евра. Цената вклучува, покрај стандардниот аспираторски уред Ланди Рензо за карбураторски мотор, посебен тип на плински резервоар за надворешно вградување, мултивентил тип Ловато со заштита за надворешно вградување, и заштита за плински резервоар од композитен материјал.
Одлуката за типот на заштита за плинскиот резервоар се донесе по препорака на експерти, иако заштитата од композитен материјал е со повисока цена од класичната заштита од лим, заради повеќето предности кои ги поседува композитниот материјал – не оксидира (не рѓосува), нема допир метал со метал (заштита со резервоар), поседува голема цврстина, еластичност и отпорност на удари.
Може да се искористи попустот во висина од 500 денари, за плаќање на атест за возила со вграден плински уред, кој уредот го вградиле во Плимонт. Попустот го одобруваат АМ Церт (Аутомакедонија) и АМСМ (за АМСМ попустот важи и ако се прави атестот и во Битола). Овој тип на монтажа со типот на заштита на плинскиот резервоар веќе е одобрен и од АМ Церт и АМСМ, со тоа што од АМСМ очекуваме да добиеме одговор во официјална форма до Четрврток.(16.02.2012)