Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 897732 пати)

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #150 на: 26 Јануари 2012, 23:48:37 pm »
jas koa montirav pred nedela dena uredot i bas gi prasav deckite u plimont za dali e tocno toa rekoa deka prviot mesec ke bide dosta netocno bidejki trebalo da vpie plovakot pa potoa ke bil potocen i isto rekoa deka moze da se napravi da e tocen 100% ali samo uredot so ke pokazuva kolku kolicina na plin ima vo rezervarot bi kostal poveke od samiot plinski ured taka barem mi rekoa od plimont

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #151 на: 27 Јануари 2012, 10:32:08 am »
Плимонт дали со плинскиот уред мора да се монтира во кабина и индикатор за плин? Дали на самата боца за плин има мерач кој покажува колку има плин во неа?

па нели ти е тебе подобро да си гледаш во кабина колку плин имаш отколку гепек да отвараш?

А нели е подобро километража да пратиш отколку да се буши дупка, плус некое евро ќе заштедиш.

Сензорот се поставува на мултивентилот-на плинската боца. Независно од тоа дали има поставен сензор или не, составен дел на секој плински уред е контролно копче кое се поставува во кабината, најчесто на шалт-таблата. Позицијата на која ќе се постави  контролното копче е во зависност од желбата на клиентот и спрема можноста да се изведе инсталација на копчето кај тој тип на возило. Во некои случаи , кога клиентот има желба сам да подготви место на кое ќе се постави копчето, ние ја поставуваме инсталацијата но не го фиксираме копчето за да може клиентот да го постави спрема неговата идеја.

Отсутен doktor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #152 на: 28 Јануари 2012, 12:32:32 pm »
Поздрав!
Би прашал и тука, колку чини комплет карбураторски систем за Застава 101 со двогрли карбуратор(дали имате плочка или би требало јас да ја правам)?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #153 на: 28 Јануари 2012, 13:01:20 pm »
Поздрав!
Би прашал и тука, колку чини комплет карбураторски систем за Застава 101 со двогрли карбуратор(дали имате плочка или би требало јас да ја правам)?

Цената за вградување на плински уред во Вашата Застава 101 изнесува 16,000 денари. Ќе се вгради цилиндричен тип на плинска боца, можете да одберете помеѓу боци со зафатнина од 27 до 50 литри. Ги имаме сите потребни компоненти, меѓу кои и плочки за двогрлениот карбуратор на Застава, така да нема никакви проблеми за поставување на уредот.

Отсутен doktor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #154 на: 28 Јануари 2012, 13:02:32 pm »
Благодарам!

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #155 на: 31 Јануари 2012, 10:03:23 am »
Поздрав!
Би прашал и тука, колку чини комплет карбураторски систем за Застава 101 со двогрли карбуратор(дали имате плочка или би требало јас да ја правам)?

Цената за вградување на плински уред во Вашата Застава 101 изнесува 16,000 денари. Ќе се вгради цилиндричен тип на плинска боца, можете да одберете помеѓу боци со зафатнина од 27 до 50 литри. Ги имаме сите потребни компоненти, меѓу кои и плочки за двогрлениот карбуратор на Застава, така да нема никакви проблеми за поставување на уредот.


Најчести типови на плински боци кои се поставуваат на Застава 101











Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14052
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #156 на: 01 Февруари 2012, 23:48:30 pm »
Знам дека можеби темава е за прашања и одговори но еве сакам да си кажам тоа што ми лежи на душа.

Значи имам возило Daewoo Nubira 1.6 16V (дечките од Плимонт ме знаат :) ) и ставив Landi Renzo Omegas плински уред на 31.08.2011 година значи со директно вбризгување не онај со т.н плочка со кој губите многу моќност и доста зголемена потрошувачка.

Јас плинот го местев во Битола „Кај Менде“ :) и искрено неможам да се пожалам на неговиот добар пријателски и професионален однос спрема колата и сето она што го добивам како услуга и оддржување.

Вчера ми инсталираа нов софтвер на плинот со кој што при загреан мотор, по повторно палење, директно префрлува на плин место претходното чекање пак да префрлува на плин и трошење на бензин.

Направив детална пресметка и некаде есапот дојде вака

6000км сум потрошил 461 литри плин (90% ми е отворена вожња со брзини од 100-120, ни повеќе ни помалку, најчесто сум на 110).
Тоа во просек доаѓа 7,68л плин на 100км. Дестинациите ми се Битола - Скопје (90%), имам нешто Битола - Охрид и Битола-Скопје-Струмица-Битола.

Плин полнам од Макпетрол, кај мене најдобро „легна“ и НасГас во Скопје (Стаклара).

За бензин овие месеци и битолските -27*C сум потрошил 3000 денари точно (значи од 31.08 до 01.02). Тоа е бензин за загревање.

Со ставањето на плинот сменав:

Масло Total Quartz 9000 (5l = 2000денари)
Сите филтри (околу 500-600 денари)
Свеќици NGK - 1200 денари
Кабли (подарок од Менде :) бидејќи претходните беа чорба и беа оригинални од кога беше купена колата...јбг татко ми ја возел претходно и не се замарал со тоа, јас малку поголема педантерија сум).
Гуми предни зимски (возам цело време со нив, знам дека е фак ап али то е) задни летни секогаш проверувани за добар притисок (на две недели ги проверувам).

Значи искрено ви кажувам сум презадоволен од овој систем и топло го препорачувам. Money well spent ако има потреба за возење, а кој нема :) И пофални зборови до Плимонтци...

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #157 на: 03 Февруари 2012, 18:45:33 pm »
Здраво Плимонт колку чини да се вгради плин во цитроен Ц4 со 1,4 мотор и дали може?

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #158 на: 03 Февруари 2012, 19:38:44 pm »
@Carpatian Lord - Bravo druze toa e ured Omega, ama so kakvi dizni imas so onie sto se remontiraat ili onie sto ne se remontiraat. Gi ima 2 tipa.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14052
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #159 на: 03 Февруари 2012, 20:09:02 pm »
@Carpatian Lord - Bravo druze toa e ured Omega, ama so kakvi dizni imas so onie sto se remontiraat ili onie sto ne se remontiraat. Gi ima 2 tipa.

Е тоа видиш прашај го Плимонт, запознаен е со мојот систем :D

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #160 на: 06 Февруари 2012, 16:02:34 pm »
Здраво Плимонт колку чини да се вгради плин во цитроен Ц4 со 1,4 мотор и дали може?

Цената за вградување на плински уред во Citroen C4 изнесува 570 евра. Ќе се вгради Ланди Плус Макс- секвенционален плински уред во комбинација со торусна плинска боца која се поставува на место на резервно тркало. Веќе сме вградиле поголем број на плински уреди на C4-ки со 1.4 мотор.. Истиот мотор го поседува и Peugeot 307 1.4, со импортерот на Peugeot веќе подолго време соработуваме и има доста нови возила со 1.4 16 V мотор на кои сме вградиле уред
Генерално, кај 307 и C4 co 1.4 мотор  нема проблеми со вградување на плински уред. Тоа што е забележано е дека околу 20% од овие возила работат малку немирно во место (на лер гас) на бензиски погон, што се пренесува со ист или со зголемен интензитет кога колата ќе работи на плински погон.
Исто така, како и кај повеќето Citroen и Peugeot возила произведени по 2000-та година, ќе се случува стрелката за бензин да паѓа како да се троши бензин, а во пракса моторот е на плински погон и троши само плин. Мислам дека и досега сме пишувале за ова, причината е “BDI” сензорот кој дава информација за количината на преостанат бензин врз база на поминати километри и просечната потрошувачка, а пловакот во резервоарот го чита само при полнење на бензин. Вообичаено е возачите на одреден временски период да дополнат бензин за отприлика 300 денари, и стрелката ќе се врати на реалното ниво.
Наскоро ќе постираме и фотографии од Citroen C4 со поставен плински уред

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 802
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #161 на: 06 Февруари 2012, 17:43:41 pm »
Поздрав од Битола.

Неколку полненја  од ЛУК ОИЛ и  боцата се полни со 43 литри а од  друга benziska  47.Ме интересира дали сигурносниот вентил го сопира полненјето на одредена литража или зависи од притисокот на пумпата.
Со полненјето од drugata  автоматски ми се зголемува просекот  а поминатите километри се исти  па ме интересира дали е до квалитетот на плинот или  ако има граница на полненје боцата сигурно е кражба од окулу 10% на литражата.Инаку се работи за една одредена бензиска на Макпетрол на која порано на возило кое има резервар од макс.43 литри пумпадзијата го прекинав со тоценје на преку 55 па си мислам да не го имаат продолжено бизнисот и со плинот.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5057
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #162 на: 06 Февруари 2012, 18:08:15 pm »
Во принцип на одредена литража односно ниво на плинот во боцата, но ако пумпата може да направи поголем притисок тогаш може уште некое литро да собере. Бидејќи знаеш дека боцата не се пуни со цел капацитет ради сигурносни причини

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #163 на: 07 Февруари 2012, 09:34:41 am »
Поздрав од Битола.

Неколку полненја  од ЛУК ОИЛ и  боцата се полни со 43 литри а од  друга benziska  47.Ме интересира дали сигурносниот вентил го сопира полненјето на одредена литража или зависи од притисокот на пумпата.
Со полненјето од drugata  автоматски ми се зголемува просекот  а поминатите километри се исти  па ме интересира дали е до квалитетот на плинот или  ако има граница на полненје боцата сигурно е кражба од окулу 10% на литражата.Инаку се работи за една одредена бензиска на Макпетрол на која порано на возило кое има резервар од макс.43 литри пумпадзијата го прекинав со тоценје на преку 55 па си мислам да не го имаат продолжено бизнисот и со плинот.

Плинот е компресибилен флуид и литражата во одреден волумен зависи од притисокот на плинската пумпа. Од тука произлегува дека на различни плински пумпи ќе се наточи различно количество на плин (во принцип тоа што го кажа и nikola_bb) Затоа препорачуваме при мерење на потрошувачка да се става плин на иста пумпа, за да се добие што пореална калкулација.
Случката со 55 литри која ја опишуваш не ни е непозната бидејќи и наш колега имаше слично искуство, на плинска пумпа да му наточат нелогично висока количина на плин, и да мора да го опомене пумпашот да прекине.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #164 на: 07 Февруари 2012, 10:01:00 am »
Здраво Плимонт колку чини да се вгради плин во цитроен Ц4 со 1,4 мотор и дали може?

Цената за вградување на плински уред во Citroen C4 изнесува 570 евра. Ќе се вгради Ланди Плус Макс- секвенционален плински уред во комбинација со торусна плинска боца која се поставува на место на резервно тркало. Веќе сме вградиле поголем број на плински уреди на C4-ки со 1.4 мотор.. Истиот мотор го поседува и Peugeot 307 1.4, со импортерот на Peugeot веќе подолго време соработуваме и има доста нови возила со 1.4 16 V мотор на кои сме вградиле уред
Генерално, кај 307 и C4 co 1.4 мотор  нема проблеми со вградување на плински уред. Тоа што е забележано е дека околу 20% од овие возила работат малку немирно во место (на лер гас) на бензиски погон, што се пренесува со ист или со зголемен интензитет кога колата ќе работи на плински погон.
Исто така, како и кај повеќето Citroen и Peugeot возила произведени по 2000-та година, ќе се случува стрелката за бензин да паѓа како да се троши бензин, а во пракса моторот е на плински погон и троши само плин. Мислам дека и досега сме пишувале за ова, причината е “BDI” сензорот кој дава информација за количината на преостанат бензин врз база на поминати километри и просечната потрошувачка, а пловакот во резервоарот го чита само при полнење на бензин. Вообичаено е возачите на одреден временски период да дополнат бензин за отприлика 300 денари, и стрелката ќе се врати на реалното ниво.
Наскоро ќе постираме и фотографии од Citroen C4 со поставен плински уред


Неколку фотографии од Citroen C4 со вграден плински уред