Еве фино пишал Лорд. Може некој да соопшти какви дополнителни тропоци треба за плинскиот систем во првите 100.000км? Уље некое, филтер, кабли...?
1. плин
2. 5% бензин
3. ?
3. Филтри за гасна и за течна фаза.
Во Плимонт водиме сметка за навремено менување на филтерот за гасна фаза, неговата цена е 1200 денари. Кај
- Landi Renzo Omegas и
- Landi Blu се заменува на секои 15.000 километри, кај
- Landi Plus Max на секои 20.000 километри.
- Landi Renzo Evolution по техничка спецификација нема никакво одржување по вградувањето.
Филтерот за течна фаза и кога не се менува редовно не може да предизвика оштетување на некој дел на плинскиот уред или возилото и не е задолжителен за менување. Неговата цена е 400 денари, а се препорачува негова замена на секои 30.000 – 40.000 километри (на секое второ менување на филтерот за гасна фаза)
4.Кабли, свеќички
Кај аспираторските плински системи (со плочка) препорачано е менување на свеќички на секои 20,000 километри. Кај секвенционалните плински уреди, свеќичките не можат да направат оштетување на некој дел на плинскиот уред или возилото. Пожелно е да се менуваат на секои 30.000 – 40.000 километри, односно кога ќе се забележи зголемена потрошувачка на плин