Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 897729 пати)

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #165 на: 07 Февруари 2012, 10:12:55 am »
Немирното работење на моторот кај C4 со 1,4 мотор е само при работа во лер?
Дали е можно со некоја преправка да се реши немирната работа?
Поздрав и фала ви многу на одговорот :)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #166 на: 07 Февруари 2012, 11:24:01 am »
Знам дека можеби темава е за прашања и одговори но еве сакам да си кажам тоа што ми лежи на душа.

Значи имам возило Daewoo Nubira 1.6 16V (дечките од Плимонт ме знаат :) ) и ставив Landi Renzo Omegas плински уред на 31.08.2011 година значи со директно вбризгување не онај со т.н плочка со кој губите многу моќност и доста зголемена потрошувачка.

Јас плинот го местев во Битола „Кај Менде“ :) и искрено неможам да се пожалам на неговиот добар пријателски и професионален однос спрема колата и сето она што го добивам како услуга и оддржување.

Вчера ми инсталираа нов софтвер на плинот со кој што при загреан мотор, по повторно палење, директно префрлува на плин место претходното чекање пак да префрлува на плин и трошење на бензин.

Направив детална пресметка и некаде есапот дојде вака

6000км сум потрошил 461 литри плин (90% ми е отворена вожња со брзини од 100-120, ни повеќе ни помалку, најчесто сум на 110).
Тоа во просек доаѓа 7,68л плин на 100км. Дестинациите ми се Битола - Скопје (90%), имам нешто Битола - Охрид и Битола-Скопје-Струмица-Битола.

Плин полнам од Макпетрол, кај мене најдобро „легна“ и НасГас во Скопје (Стаклара).

За бензин овие месеци и битолските -27*C сум потрошил 3000 денари точно (значи од 31.08 до 01.02). Тоа е бензин за загревање.

Со ставањето на плинот сменав:

Масло Total Quartz 9000 (5l = 2000денари)
Сите филтри (околу 500-600 денари)
Свеќици NGK - 1200 денари
Кабли (подарок од Менде :) бидејќи претходните беа чорба и беа оригинални од кога беше купена колата...јбг татко ми ја возел претходно и не се замарал со тоа, јас малку поголема педантерија сум).
Гуми предни зимски (возам цело време со нив, знам дека е фак ап али то е) задни летни секогаш проверувани за добар притисок (на две недели ги проверувам).

Значи искрено ви кажувам сум презадоволен од овој систем и топло го препорачувам. Money well spent ако има потреба за возење, а кој нема :) И пофални зборови до Плимонтци...

Благодариме за поздравот Carpathian Lord, ти посакуваме пријатно и економично возење на плин. Ме радува што си задоволен од твојот плински уред.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #167 на: 07 Февруари 2012, 11:26:58 am »
Sto bidna so uredite za metan ?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #168 на: 07 Февруари 2012, 11:43:56 am »
Еве фино пишал Лорд. Може некој да соопшти какви дополнителни тропоци треба за плинскиот систем во првите 100.000км? Уље некое, филтер, кабли...?

1. плин
2. 5% бензин
3. ?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #169 на: 07 Февруари 2012, 13:02:08 pm »
Немирното работење на моторот кај C4 со 1,4 мотор е само при работа во лер?
Дали е можно со некоја преправка да се реши немирната работа?
Поздрав и фала ви многу на одговорот :)

Најпрво да нагласам дека тоа е повеќе непријатност отколку проблем.  Немирна работа на лер-гас е присутна кај Citroen C4 произведени помеѓу 2004-2006 година. Кај нив варирањето го има и на бензин, а на плин е малку поизразено. Истата непријатност ја имаат и Peugeot 307 произведени помеѓу 2004-2006 год. Кај скоро сите 307-ци,  во соработка со сервисот на импортерот на Пежо за Македонија, успеваме да го надминеме присутното варирање. Со Цитроен соработката во моментов е на stаnd-by, а  единствено решение за смирување на вртежите кое може да се примени е малку непрофесионално, со продупчување на отвор со мал дијаметар на клапната за гас (throttle). Непријатноста која се јавува кај овие возила произведени помеѓу 2004-2006 година попрецизно би го опишал како брановидно варирање на вртежите, отколку немирна работа на моторот

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #170 на: 07 Февруари 2012, 14:14:26 pm »
Sto bidna so uredite za metan ?

Поздрав Бугар, долго време не сме си пишале :). Од аспект на тежината на резервоарот, цената на кг метан и радиусот на движење со едно полнење на резервоарот, не верувам дека ќе има поголема заинтересираност за метанските уреди, па и кога ќе има развиена мрежа на метански станици а не само две. Познато ти е за Бугарија, бидејќи работеше таму, каде има развиена мрежа на метански станици, заради високата цена на кг метан интерес за вградување на метански уреди веќе нема.
Ќе почекаме да почнат со работа пумпите во Куманово и Влае и ќе видиме што ќе се случува. Уредот кој го имавме вградено во возило на наш колега го извадивме, амортизирањето на задните гуми неправилно и повеќекратно се зголеми, а возилото ја губи стабилноста на отворен пат (Mercedes C200 Compressor од 2001 година) Придобивките се многу мали за теретот кој се носи во багажникот
 

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #171 на: 07 Февруари 2012, 14:16:21 pm »
Еве фино пишал Лорд. Може некој да соопшти какви дополнителни тропоци треба за плинскиот систем во првите 100.000км? Уље некое, филтер, кабли...?

1. плин
2. 5% бензин
3. ?

3. Филтри за гасна и за течна фаза.
 Во Плимонт водиме сметка за навремено менување на филтерот за гасна фаза, неговата цена е 1200 денари. Кај
- Landi Renzo Omegas и
- Landi Blu  се заменува на секои 15.000 километри, кај 
- Landi Plus Max  на секои 20.000 километри.
- Landi Renzo Evolution по техничка спецификација нема никакво одржување по вградувањето.
Филтерот за течна фаза  и кога не се менува редовно не може да предизвика оштетување на некој дел на плинскиот уред или возилото и не е задолжителен за менување. Неговата цена е 400 денари, а се препорачува негова замена на секои 30.000 – 40.000 километри (на секое второ менување на филтерот за гасна фаза)

4.Кабли, свеќички
Кај аспираторските плински системи (со плочка) препорачано е менување на свеќички на секои 20,000 километри. Кај секвенционалните плински уреди, свеќичките не можат да направат оштетување на некој дел на плинскиот уред или возилото. Пожелно е да се менуваат на секои 30.000 – 40.000 километри, односно кога ќе се забележи зголемена потрошувачка на плин

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #172 на: 07 Февруари 2012, 14:27:16 pm »
Плимонт фала на одговорот па по овој одговор се надевам дека другарчето за кое прашував ќе се реши да стави плински уред, па ќе се видиме таму.
Поздрав.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #173 на: 07 Февруари 2012, 14:34:42 pm »
Фала многу.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #174 на: 09 Февруари 2012, 22:46:26 pm »
Во принцип замена на филтер за плин му е пандант на замена за филтер за бензин кај повеќето возила. На некои возила ко на мојава Мазда, замена за филтер на бензин чини огин и пламен.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #175 на: 09 Февруари 2012, 22:56:57 pm »
Во принцип замена на филтер за плин му е пандант на замена за филтер за бензин кај повеќето возила. На некои возила ко на мојава Мазда, замена за филтер на бензин чини огин и пламен.
Поголем дел од новиве возила немаат филтер за гориво во онаква изведба ко` порано. Сега имаат сито на пумпата во резервоар кое не се менува.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #176 на: 09 Февруари 2012, 22:59:13 pm »
Така и кај мене на алфата е.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #177 на: 10 Февруари 2012, 00:27:01 am »
Така е и кај мене на Маздата, ама во Упатството пишува дека треба филтерот да се менува на 100.000.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #178 на: 10 Февруари 2012, 18:12:02 pm »
Значи мењаш пумпа за гориво на 100000 км. ?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #179 на: 10 Февруари 2012, 18:18:17 pm »
Така пишува во книжето. Ама со плинов, тешко дека некогаш ќе го сменам бензинскиот филтер.
Ум шо идит отпосле не јет ум!