Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Цитат: Toni101 на 30 Декември 2011, 17:05:18 pmПрашање до Плимонт, Какво е вашето искуство со инсталирање плин на Мазда 3 1.4 ? Слушам различни мислења за и против. Наводно осетливи биле вентилите.Единствен проблем кој ни се појавил кај маздиниот 1.4 мотор е дефинирањето на поминатите километри до промена на свеќичките од моторот. Имено, према каталогот на возилото, свеќичките можат да се користат до 100 000 километри, меѓутоа , доколку возилото користи плин како гориво, ќе мора да се менуваат после поминати 30 000 - 40 000 километри, во спротивно, потрошувачката на плин ќе порасне над декларираната.Додека траеа преговорите со Мида, дистрибутерот на возилата на Форд (истите мотори се вградуваат и во возилата на Мазда), за постигнување на договор кој овозможи клиентите кои ќе купат возило од гамата на Форд, истото да го добијат со вграден плински уред а притоа да не ја изгубат гаранцијата на возилото, информацијата од Landi Renzo беше дека со моторот 1.4 немале забележано проблем, додека 1.6 и 1.8 се осетливи на вентили, доколку користат плин како погонско гориво. Проблем со лежиштата на вентилите од главата на моторот, не сме евидентирале до сега, меѓутоа останува препораката за вградување на уред за ,,ладење" на вентилите, и избегнување подолго возење (отворен пат) под високи вртежи. Поздрав
Прашање до Плимонт, Какво е вашето искуство со инсталирање плин на Мазда 3 1.4 ? Слушам различни мислења за и против. Наводно осетливи биле вентилите.
Плимонт да ве прашам колку би коштал плински уред за BMW 728i e38 ?
Ај и јас да си прашам колку би ме коштало за Hyundai Accent 1.5 2000. Ако може да дадете објаснување за плаќање на рати прекуу Стопанска банка. Позз
Леле, последниов акцент под хауба е крш! Ај што му се лежиштата за амортизери доста р`ѓосани, ама од ова калта под хауба не се гледа моторот!
Цитат: igorN73 на 30 Декември 2011, 18:53:48 pmЗдраво да ве прашам..(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Колку пари би ме чинело монтажа+АТЕСТ за Шкода Фелиција 1.3 оваа мала боцаПоздравМонтажа: 260 евра (доколку моторот е со карбуратор, бидејќи кај Шкода Фелиција 1.3 се вградуваа и мотори со моно и мултипоинт вбризгување на гориво)Прегледот за А-тест чини 2500 денари + две потврди/упати и нова сообраќајна книшка = околу 600 денари.Поздрав.
Здраво да ве прашам..(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Колку пари би ме чинело монтажа+АТЕСТ за Шкода Фелиција 1.3 оваа мала боцаПоздрав
momci kod poj agol treba da sedi bocata vo gepkot