Plimont како ви се сервисните интервали за плинските уреди?
Сервисните операции и интервали за одржување на секвенционалните уреди на Ланди Рензо се
- Контролен преглед по поминати 1000 км
- Замена на филтер за гасна фаза.
Кај Ланди Рензо Омегас и Ланди Блу уредите оваа замена се прави на секои 15,000 км.
Кај Ланди Плус Макс уредот замената е на секои 20,000 км
Цената на филтерот за гасна фаза е 1200 денари
- Замена на филтер за течна фаза на секои 40,000 км
Цената на филтерот за течна фаза е 400 денари
- Доколку возилото не помине 20.000 км во текот на годината се прави контролен сервис на 12 месеци по вградувањето или по последниот сервис на плинскиот уред
Задолжителна е замената на филтерот за гасна фаза на секои 15.000 или 20,000 км. Останатите сервисни операции не се задолжителни, но пожелно е да се почитуваат за да се осигура долготрајноста и оптималната функција на уредот.