Прашање до Плимонт, Какво е вашето искуство со инсталирање плин на Мазда 3 1.4 ? Слушам различни мислења за и против. Наводно осетливи биле вентилите.
Единствен проблем кој ни се појавил кај маздиниот 1.4 мотор е дефинирањето на поминатите километри до промена на свеќичките од моторот. Имено, према каталогот на возилото, свеќичките можат да се користат до 100 000 километри, меѓутоа , доколку возилото користи плин како гориво, ќе мора да се менуваат после поминати 30 000 - 40 000 километри, во спротивно, потрошувачката на плин ќе порасне над декларираната.
Додека траеа преговорите со Мида, дистрибутерот на возилата на Форд (истите мотори се вградуваат и во возилата на Мазда), за постигнување на договор кој овозможи клиентите кои ќе купат возило од гамата на Форд, истото да го добијат со вграден плински уред а притоа да не ја изгубат гаранцијата на возилото, информацијата од Landi Renzo беше дека со моторот 1.4 немале забележано проблем, додека 1.6 и 1.8 се осетливи на вентили, доколку користат плин како погонско гориво.
Проблем со лежиштата на вентилите од главата на моторот, не сме евидентирале до сега, меѓутоа останува препораката за вградување на уред за ,,ладење" на вентилите, и избегнување подолго возење (отворен пат) под високи вртежи.
Поздрав