Pozdrav do site, prasanje do plimont. Imam lada niva 1.7i koja sakam da ja konvertiram na plin. Sto mi predlagate za ladata, osobeno me interesira koja boca ja predlagate za lada. Golem potrosuvac e a mal gepek ima.
Blagodaram
Доколку Вашата Лада Нива сеуште е во гарантен рок ќе треба да се обратите до импортерот каде што е набавено возилото, таму ќе ви ги кажат условите под кои ќе се постави уредот а притоа да не се изгуби гаранцијата на возилото (тип на уред, цена, итн), и ќе ве препратат во Плимонт.
За Лада Нива 1.7i предвидено е вградување на секвенционален плински уред со цилиндрична боца, цената е 540 евра. Имаме повеќе типови на боци, со различен дијаметар и должина, со зафатнина од 27 до 60 литри. Изборот се прави спрема потребите на клиентот, дали има потреба од поголема автономија на движење со едно полнење на боцата или повеќе сака дел од багажниот простор да остане слободен. Наскоро ќе постирам фотографии од Нива со вграден плински уред
Во продолжение се постирани фотографии од Лада Нива со вграден плински уред. Одбравме фотографии со различни големини на резервоари. Во делот на моторот може да се види
Landi Plus Max уредот кој е стандардна монтажа за овој тип на возила, како и новиот
Landi Renzo Evolution.
Неколку зборови за
Landi Renzo Evolution. Се работи за најновото достигнување на Landi Renzo во кој се инкорпорирани последните технички решенија и е уред кој нема потреба од било какво одржување.
Landi Renzo Evolution ги поседува надградените Омегас електроника и софтвер. Инјекторите се производ на
A.E.B., компанија која е најголем италијански производител на електроника и софтвер за системи за алтернативни горива, во 2011 година купена од страна на Landi Renzo. Лада Нива е едно од десетината возила на кои изведовме пробни монтажи со
Landi Renzo Evolution уредот и кои ги следиме извесен период. Вакви пробни монтажи се наша стандардна поцедура кога воведуваме нов уред во нашата понуда, иако
Landi Renzo Evolution се покажа одлично во земјите каде веќе 6 месеци редовно се вградува.
И за овој уред обезбедивме многу солидна цена за македонскиот пазар, цената за негово вградување ќе изнесува 650 евра
Landi Plus Max


Landi Renzo Evolution












