Здраво, дечки.
Имам опел астра 1.6 twinport бензин/плин 2004. Имам проблем со бензинот. Имено, на мали вртежи колава многу трокира како да не стига доволно гориво во моторот. Педалата за гас делува дека е празна на осет, и дека отпосле се исполнува некако како да касни сила во педалата.
Ми свети Check Engine, знам дека е од плинот што свети константно, но кога работи колава на бензин Check Engine трепка, а на плин свети константно и нема никаков проблем не се осеќа на плин. Се сомневам дека можно е да се дизните во прашање од бензинот и затоа нема сила колата на бензин, споро забрзува, трокира, касни силата на педалата отпосле доаѓа. Само што ќе префрли на плин, педалата се исполнува и колата работи добро, и на мали и на големи вртежи, и со вклучена клима на најјако колата работи како што треба.
Сакам да ги исчистам дизните со ултразвук, за да видам дали е проблемот во тоа, но ме интересира дали некој што чистел дизни на бензин осетил разлика по чистење? Досега неколку мајстори ми рекоа дека дизна на бензин не се репарира толку како дизна на дизел. Може ли да се очекува подобрување со чистење со ултразвук под услов стварно да се дизните во прашање?