Апликацијата е таа - MapFactor. Ја има во Windows Store. Кога ќе ја испробам во возење ќе пишам импресии.
Јас незнам зошто овие од Microsoft сеуште не се навлезени во автомобилската индустрија, на Windows 10 за ваква употреба му треба уште малку полирање и прилагодување и ќе биде одличен. Со тоа хардвер кој ќе биде компатибилен со сите уреди на колата, а тоа е CANBUS transceiver кој може да прима/испраќа информации низ CANBUS мрежата, па одтаму приказ на информациите од борд компјутерот, контрола на клима уред, TPMS итн.
Кога мене сето ова ме кошта околу ~150 евра, производителиве ќе ги кошта 50 евра. Па дури мислам дека и повеќе им се исплати, ќе си развиваат само нивен додатен софтвер прилагоден за нивните автомобили.
Тоа што не ми се допаѓа моментално е тачот кој го имам. Супер си фаќа на допир, но е single-touch. Глуми маус. Не е тоа до толку лошо, но драјверот не е HID-compilant, па оние опции како автоматско отварање на тастатурата кога ќе се притисне на поле за пишување не функционира. Треба да го притиснам она копчето за тастатура до часовникот во таскбарот.
Да не се жалам многу, добив одличен уред за мултимедија со неограничени можности - 32GB интерна меморија, додадов 32GB microSD картичка и со тоа цела музика од дома можам да ја ставам таму. Онлајн радијата како TuneIn, RadioTunes се плус. Приклучок за AUX беше интересен апгрејд од FM/AM и CD, но замарање секој пат при влегување во кола. Навигацијата е уште еден гоооолем плус. Моментално сум на free верзијата, но мапите се одлични.
Сега ќе ве замолам за ваша помош. Пластиката пред екранот е димензионирана фабрички за 6.5 инчен екран, а мојот е 7. Во ситуацијава и тие 0.5 инчи играат улога. Ми треба некој човек кој се разбира од обработка на пластика, треба да се исече отворот странично за 0.5-6cm од двете страни и нешто минимално горе и доле. Би пробал и сам, и да ја упропастам не е многу страшно - 900 денари е нова од Олимпија моторс, за 2 недели тука е. Но тие пари би ги дал од старт на некој што се разбира да ја исече, но да изгледа како што треба. Да не е касапници таму.

Еве некој дечко од Италија како си ја проширил, но не е баш прецизно исечено.
