Немам одамна нешто постирано, моментално возам прототип верзија каде што секојдневно ги воочувам недостастоците и смислувам решенија како да ги оправам. Го ставив екранот, меѓутоа тачот сеуште го немам конфигурирано. Има еден проблем со звукот кој страшно ме нервира, се слуша шуштење во позадина на секоја песна, веројатно тоа ќе се реши со USB звучна картичка.
Набрзинка на перфорирана плочка ја направив електрониката која има 2 step-down switching регулатори за 5V, 2 релиња и микроконтролер за контролирање на уклучувањето/гасењето на Raspberry-то.
Имам една идеа, да ја извадам оргиналната плочка од радиото и да направам моја, која ќе ги има сите потребни компоненти на неа, како регулатори на напон, микроконтролер, излезно појачало и сл. Идеата ми е со помош на пријател електроничар да нацртаме плочка и да ми ја испечатат со сите тертипи како soldermask и сл.
До поискусните во car-audio: Какво излезно појачало препорачувате? Би било пожелно да е некое од овие интегрираниве TDA поради едноставната конструкција. Јас сум задоволен и од ова фабричково кое го имам, па може истото да го искористам.