Нормално. Ништо не работи кога е изгасена колата, нити компјутерот, нити регулаторите на напон. Освен еден ATMEGA328 микроконтролер кој е задолжен за контролирање на палење/гасење на компјутерот, радиото, екранот итн. Ќе има и кулерче на радиото (фабрички си има отвор за кулер) кој ќе се вклучува во зависност од температурата, која ќе се мери со термистор и испраќа на микроконтролерот.
Нема ризик, радиото си има заштита и компјутерот си има заштита. Доколку дојде до прегревање ќе си изгаси и никому ништо. Прво ќе тротла процесорот (се намалува фреквенцијата со цел да се олади), доколку сеуште не се намалува температурата и дојде до одредена максимална температура на процесорот, ќе се јави заштитата и ќе го исклучи.
Плус летно време доколку е неподносливо жешко за компјутерот, тогаш е и неподносливо жешко и за мене. Не планирам да возам без клима, не ради компјутерот туку ради себеси.