Автор Тема: Проект: CarPC за Opel Corsa D  (Прочитано 33092 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #30 на: 07 Ноември 2015, 23:32:46 pm »
На каков филтер мислиш???
Напојувањето не може да предизвикува проблем, од хх причини.
Конекцијата помеѓу росберито и телефон на пример, како извор на звук може да прави проблем ако е лош кабелот односно врската помеѓу нив. Филтер не помага тука.
Интерконекциската врска помеѓу росберито и појачалото на радиото може да внесе шум ако повторно тука е лош кабелот.
Или пак ако е лош аудио процесингот на росберито.
Тоа може да се реши со додавање на екстерна аудио картичка.

И така натака :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Dj_oko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #31 на: 17 Ноември 2015, 19:48:15 pm »
Мислам дека ова е подобра варијанта од USB звучна картичка.
http://www.loging.mk/-1/191163/0/ShowProduct/loging

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #32 на: 25 Ноември 2015, 18:27:41 pm »
Не ми се верува дека решението ме чинеше 70 денари.
http://www.ebay.com/itm/381338122460?_trksid=p2060353.m2749.l2649&ssPageName=STRK%3AMEBIDX%3AIT



Нема ни з од зуење сега, звукот е уште подобар, јас ПРЕЗАДОВОЛЕН! Денес стигна, веднаш ја приклучив, подесување 5 минути. :D
« Последно менување: 26 Ноември 2015, 02:56:08 am DimitarMK »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #33 на: 25 Ноември 2015, 18:28:52 pm »
Одлично.
Ова е некое конверторче???
Или е УСБ звучна лоу кост?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #34 на: 26 Ноември 2015, 02:44:29 am »
Ова е USB звучна, на официјален сајт кошта околу 5 долари, јас на eBay ја пазарив за 1.15$. Искрено не ни очекував да биде компатибилна нити да работи со оглед на цената. Во секој случај многу многу подобра од интегрираната на Raspberry-то кое уствари ги генерира аудио сигналите преку PWM. Првпат вистински да поверувам на ривјуата на интернет каде што сите тврдеа дека квалитетот е каде-каде подобар од интегрираната звучна на Raspberry-то. И тоа за скапани 70 денари. :D
« Последно менување: 26 Ноември 2015, 02:56:43 am DimitarMK »

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #35 на: 26 Ноември 2015, 07:09:45 am »
Некој викаат: Kолку пари толку музика. Ама во твојот случај испадна: Maлку пари многу музика. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг:
« Одговори #36 на: 26 Ноември 2015, 09:16:52 am »
Таа поговорка е од пред капитализмот. Во денешно време цените се измислени бројки кои немаат допирна точка со квалитет.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #37 на: 26 Ноември 2015, 12:48:55 pm »
Ова е USB звучна, на официјален сајт кошта околу 5 долари, јас на eBay ја пазарив за 1.15$. Искрено не ни очекував да биде компатибилна нити да работи со оглед на цената. Во секој случај многу многу подобра од интегрираната на Raspberry-то кое уствари ги генерира аудио сигналите преку PWM. Првпат вистински да поверувам на ривјуата на интернет каде што сите тврдеа дека квалитетот е каде-каде подобар од интегрираната звучна на Raspberry-то. И тоа за скапани 70 денари. :D


Да, јас имам USB to Audio ...си го користам на лаптоп кога сакам да имам подобро озвучење.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3007
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #38 на: 28 Ноември 2015, 12:35:04 pm »
Пушти слика од внатре не се сТрами :D

Свака част како се нафати за ова. Ако треба нешто помош, кажувај :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #39 на: 04 Јануари 2016, 17:46:30 pm »
Го заврши проектчево. Дај да видам. На пролет се напалив на Зафирата да го направиме ова.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #40 на: 19 Јануари 2016, 16:34:21 pm »
Да најавам еден мал teaser. Денес се подновив со Wintel W8 mini PC.



Има Intel Atom Bay-Trail Z3735F 4-јаден процесор, Intel HD графичка, 2GB DDR3 RAM, 32GB меморија, вградено WiFi и Bluetooth. Најважно од се - работи на 32bit Windows 10 оперативен систем. Со оглед на тоа што Windows 10 има поддршка за таблети и слични уреди, за CarPC е одличен.

Зошто е одличен?

Да се разбереме, Kodi-то на Raspberry Pi е одлично за мултимедија. Но толку, ништо повеќе. Интеграцијата со други уреди, навигација, додатни апликации е никаква. Сето тоа мора да оди преку Linux-от под него, а тоа значи убиство. Плус, програмите за Linux имаат очаен интерфејс споредено со оние од Windows Store-от.

Што ќе добијам со Windows 10 во кола?

Одличен интерфејс, одлична поддршка за мултимедија, веб прелистувач (Microsoft Edge е ТОП), навигација (веќе подесена, и функционира - телефонот го испраќа сигналот на Windows-от преку WiFi tethering), CANBUS преку блутут, бесконечно многу апликации и можности.

Windows 10тката која работи на mini PC-во е истата онаа што би ја ставиле на нормален компјутер. Не е во ништо осакатена, секоја .exe апликација функционира исто како што би функционирала и на компјутер.
Самото тоа што има вградено WiFi и Bluetooth ја олеснува целата работа, интеграцијата на овие два протоколи под Linux беше очајна и мачна дури и го изгубив меракот да го продолжам проектот. Ме радува и тоа што бутира многу побрзо од Kodi-то, на десктоп е за 10тина секунди.

Сега за сега, тоа е тоа, имам обврски со факултет, за месец дена би требало да постирам update, а дотогаш ќе си го подесувам софтверот.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #41 на: 19 Јануари 2016, 16:41:54 pm »
Колку пари те кошташе уредов?

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #42 на: 19 Јануари 2016, 16:43:07 pm »
4500 ден. купен на старо, инаку нов е 6580 ден. во Анхоч. На интернет е околу 5000 ден. но не планирам пак да се заебавам со мороните од Царина.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #43 на: 19 Јануари 2016, 16:46:09 pm »
Фала. Стварно ме интересира како ќе излезе со овај едвај чекам да пишеш прогрес. :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Проект: CarPC за Opel Corsa D
« Одговори #44 на: 19 Јануари 2016, 16:49:56 pm »
Првичните импресии ми се ептен позитивни, ќе видиме како ќе биде тоа во кола. Сеуште се мислам што ќе правам со копчињата од радиото, планирам да ги приспособам да функционираат под Windows за пуштање апликации, старт/стоп на музика и слично.. Секако ќе има и тач, но тој не е баш корисен за во возење.

Заборавив да наведам, уредот има одличен WiFi сигнал, ме изненади, топ ќе биде за сурфање на WiFi по бензински во странство.  :D