Каква кола, каква машина!! Ова не е само превозно средство, ова е уживање, ова е задоволство, ова е тоа што ме прави среќен секогаш кога ќе помислам на „патување“! Каква трансформација е Bilstein B12 pro-kit и надградените кочници, неверојатно! Права Грантурисмо! 1000+ километри поминуваш во еден ден, да не се осеќаш уморен, да „јаде“ кривини, да се чувствува „залепена“ за асфалт, да бидеш сигурен во моментите кога имаш непредвидливи ситуации на пат, на дожд, на несовршен асфалт, на суво, на совршен асфалт, на тесни кривулести планински предели, на автопат! Вистински Granturismo! И сето тоа со лузните што ги има со годините, ама лузните го дефинираат карактерот! Оваа кола ќе остане кај мене колку што е можно подолго! Овака требало од фабрика да ги прават. Ја прошетав после 15 нејзини години назад дома, во родната ѝ земја. За возврат, ми се заблагодари без ниеден проблем иако има преку 212.000км и 15 години. И сето тоа уживање не е само за мене, туку уживаше цела фамилија. Предобро ауто. Keeper!


