Автор Тема: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025  (Прочитано 6133 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14906
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #75 на: 07 Јуни 2025, 10:30:19 am »
Апсолутно согласен 😂

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8959
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #76 на: 23 Јуни 2025, 04:32:23 am »
Чичо, со среќа нека е, честито.
Најубата кола на форумо, нексибе...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #77 на: 03 Ноември 2025, 13:38:47 pm »
Внимание: Во оваа тема не е пишувано повеќе од 120 денови.
Доколку не сте сигурни дека сакате да поставите порака, размислете за поставување нова тема
.

Прашина фатило, да забришам малку  ;D

Во четвртокот, 30.10., при прекршени 4.990км, сменет летниот сет со зимски.

Немав идеја што да земам пошто првпат возав ваков тип на возило, па морав да се консултирам со четџипити.
Критериумите беа тцип, 18 инча, ефтино при што веднаш беа понудени соответни солуции со турбомакс бандажи во комбинација со кахланд/линглонг/бетмен, но ме праша за кое возило се работи поточно за да може да даде подетален приказ и кога му кажав, ми извади одговор дека горните предлози биле за луксузни и ексклузивни возила, ме препрати да прашам кај некоја негова конкуренција и ме одлогираше од акаунтот  :(

Не ми преостана ништо друго, освен да порачам GMP од Мотоцентар, па кога ме известија дека се стигнати, отидов дирекц да ги навлечам во гуми за да не јадам гужви.
Отидов во 17:30, во 18:30 излегов.
Гуми земав Мишелин Алпин 7.

Вака дојде со новиот сет:







Претходно имав земено гумени 3Д патосници за зимскиот период, од искуство што се случуваше со теписонските и башка песот упикува влакна во теписонските и ме мрзи редовно да ги усисавам, пар бар со зимскиот сет  ќе прејдеме на гума.
Патосниците одат по ивици, како кадички се, влагаат пасент, предната возачка има и клучиња. Позади, десната, има продолжеток кој  оди и преку средината. Не смрдат.
Сликиче, малце подзапрљани како што ги личи:



Во меѓувреме, поминавме 5.000км со колата, па да споделам некои првични предности/маани што сум ги воочил до сега, од корисничка гледна точка, не од читање ривјуа и гледање видеа на јутуп:

Pros:

⦁   мнооооогу удобно и тивко возење. И мислев дека е доволно удобно, се додека не ги ставив зимските па на мнооооооогу-то му додавам уште 2-о;
⦁   огромна прегледност. Иако сум наместен да седам комфорно, прегледно е секоја страна, има големи стаклени површини, големи ретровизори, малите триаголни стакленца кај ретровизорите во оваа кола имаат смисла, камерата е со добра резолуција и одличен приказ и навечер;
⦁   иако по габарит и на хартија не делува така, има сосема доволно сила и за старт и за меѓузабрзувања, убава магија и синергија имаат направено јапанците помеѓу моторот и 2 х електромотори;
⦁   ова може ќе делува смешно на повеќемина, ама во Спорт мод е многу живчан одоносот на педал за гас и звукот на моторот е изненадувачки добар и длабок (а не доаѓа од звучници), сепак е 2 и пол хиљади кубици;
⦁   мнооогу ми се допаѓа Тојота интелегентниот систем за возење/сигурност, адаптивниот темпомат заедно со држење возило во лента итн. Работи скоро совршено;
⦁   знаев дека ќе биде економичен со оглед дека е хибрид, ама не очекував дека ќе биде толку економичен;
⦁   кога ќе преминам 85км/ч, добивам порака Windows are open. Close YES/NO и на еден клик се затвораат сите прозори;
⦁   не знам колку подобро свират JBL кои се како опција за музика во кола, ама фабричкото озвучување многу пријатно ме изненади;
⦁   кога се приближувам накај кола и клучот е во мене се палат внатрешните светла (пред да отклучам/отворам);
⦁   приклучокот за појас е обложен со платно, веројатно да не цвили и да не се уништува „кожата“ од трљање;
⦁   одлична фабричка навигација, лесно безжично поврзување со Carplay, прекрасен приказ со iOS26, информациите од мапите се пренесуваат и на дисплејот позади волан;
⦁   звукот на затварање на врати, длабок и мек, делува како да се работи за повисока класа на кола;
⦁   вратите ги покриваат праговите и истите не се прљаат, па нема проблем привлегување/излегување да се испрљаш со кал, вода итн.;
⦁   светлата се обични LED, ама се многу добри. Автоматските долги светла ми значат ептен;
⦁   иако екранот е голем за мој вкус, не смета при возење и УИ-то е фино средено со доволни големи иконки за да не промашиш нешто.
⦁   има амбиентално светло (не во врати) кое стварно фино изледа. Не е нападно, свети само сино и нема опција за менување. Пред да тргнеш со возење е за нијанса посветло и кога тргаш се стемнува;
⦁   полицата пред совозачот ептен брка работа. Прво мислев што кој QR тука оставиле вака, нели можеле поголема фиока да стават или подобро да го изведат, ама се навикнав и стварно е корисна;
⦁   воланот ми изгледа некако убаво и сите копчиња му се на место. Преслечен е од убав материјал, пак е некоја „кожа“ ама многу убава на допир, не е мазна и „мрсна“. Исто шалт таблата е преслечена со некаква рапава „кожа“, која продолжува и преку вратите и остава убав впечаток.

Cons:

⦁   нема поделени 2 мерења, едното може да го ресетираш како вкупен Trip, другото само се ресетира при гасње/палење;
⦁   се' нешто бипка, поголема брзина, појаси не ставени, напуштање трака...., дел се исклучува преку мени, за дел требаше интервенција преку ОБД;
⦁   стаклата не се затвараа/отвараа преку даљинско, средив преку ОБД;
⦁   нема избор на блицкања на допир на жмигавец, зголемив преку ОБД од 3 на 5;
⦁   ми фали потпора на долниот дел на нозете на седиштето, може се навикнав премногу на претходното;
⦁   напред е широко за седење и левиот порпирач за рака ми е малку подалеку од средишниот, не е симетрично, па често ја шетам левата рака и ја потпирам на волан или во скут;
⦁   безжичниот полнач е неупотреблив, полни споро, грее и цело време прекинува и бара подобро центрирање на телефонот врз него. Има копче на него со кое се сиклучува и го исклучив;
⦁   многу едноставен и основен приказ на податоци на средишниот дисплеј, нема некакви подетални прикажувања било за состојба на возило или подлабока анализа на потрошувачка, патување и слично. Со апдејт на iOS знае после 8-9 поврзувања да не го препознае телефонот и се средува со рестарт на телефон, очигледно е iOS багче;
⦁   гепекот е покриен со завеса, која не е никаков изолатор, па некогаш кога ќе оставам нешто ненаместено убаво, знае да ц'цка, тропа и да ме замара во тишината. Музиката покрива доволно, ама марфи вели дека секогаш непосакуваниот звук доаѓа кога тишината е најгласна;
⦁   полиците во вратите не се обложени со текстил/гума;
⦁   ми фали тркалцето од iDrive-от, многу поелегантно решение е отколку да маваш по екран (и се прља екранот);
⦁   иако е голем, можело малку поорганизиран да биде гепекот. Нема кукички, мислам дека нема 12V приклучок, има едно место десно преградено со мрежичка и место под подницата околу резервно тркало.

Како ќе ми текнуваат работи, ќе пишам. Ова е она што ми оставило впечаток за овие 5Ккм и скоро пола година користење.
КОлата е совршена за секојдневно користење, не е за тркање и да уживаш во перформаси и динамичност, туку во комфор и тишина. Не е лепотица, има и поубави СУВ-чиња, ама се е складно укомпонирано.
Штета што не е Камри, тоа би било ептен совршеното возило.
Ни еден ривју не може да ја долови поентата на колата, се додека не ја користиш и живееш со неа извесен период.

Еве уште некое сличе:






Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55131
  • Махер
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #78 на: 03 Ноември 2025, 13:44:37 pm »
Многу убав избор на бандажи за зимските, драстично поубава целата кола.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3098
  • Слобода или смрт
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #79 на: 03 Ноември 2025, 13:47:56 pm »
Пошто ја спомна потрошувачката ме интересира просек на тие 5к тотал колку ти е?

Инаку горе долу другите ставови и јас ги делам за исто пола година и 5000 километри со тјусонот.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #80 на: 03 Ноември 2025, 17:05:52 pm »
Ова до последното полнење



Не очекувам да се промени многу и со последното, веројатно нешто под 900км рејнџ ќе биде

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6320
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #81 на: 03 Ноември 2025, 17:07:05 pm »
Многу добар јапонец и убав избор на бандаж.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6563
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #82 на: 03 Ноември 2025, 17:59:11 pm »
@marjanot

Не те замара нечистотијата што се акумулира на задната врата, кај кедерот и пластиката кај полумесецот?

Ако не се чисти редовно, по некое време се јавува дисколорација на гумата и пластиката.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #83 на: 03 Ноември 2025, 20:54:12 pm »
@marjanot

Не те замара нечистотијата што се акумулира на задната врата, кај кедерот и пластиката кај полумесецот?

Ако не се чисти редовно, по некое време се јавува дисколорација на гумата и пластиката.


Не знам на што точно мислиш.
Во зависност од експлоатација, обично на 2 недели ја поминувам на шмрк.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6563
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #84 на: 04 Ноември 2025, 07:18:35 am »
Задните врати - цел долен раб и полумесецот до пола врата нагоре.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9291
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #85 на: 04 Ноември 2025, 11:04:10 am »
Top izbor mi e RAV4, se nadevam deka koga ke dojde moment za sledno vozilo ke mozam da go ostvaram poshto ako ne se lazam i ti imash 3 deca cim ve zbira toa e toa.

Sega stan moram da najdam prvo vo Citronot ne sobira ama doma ne 😂

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Toyota RAV4 Hybrid AWD-i 2025
« Одговори #86 на: 04 Ноември 2025, 12:10:22 pm »
на иста мака сме, само јас едниот дел го завршив ;D
стан нема да најдеш, не ме прашувај како знам, јас прејдов на помачната и се надевам поефтина варијанта :)