Таа долната чашка, како и да се вика за спиралата, на тој забот само седи, или плус се стега со некој штраф?
Само на тоа забчето

Нема штраф, нема ништо. Доволно е, нема да попушти.
Како бе задните седишта, типичен италјански заеб 
Баш! Ама така беше и на 166-ката. Ова што го гледаш на сликата, пристапно е само со тргање на задниот наслон, или кај оние што се спушта задната клупа, со вадење на страничните вертикални „перничиња“:

Инаку денес ме порази 159-ката, за прв пат
Еден штраф што го држи амортизерот на виљушката за амортизер, едноставно не се предаде. Никогаш неотштрафен, 15 години. Ни импакт, ни бренер, ни чекич ништо...
А и кој им ги смисли тие глупи Е-торкс штрафови, на јаже треба да виси!
Здравје, веројатно после одмор ќе се досреди комплетно B12 подвозјето.
