Kako e situacija so DI motorot i naslagi na usisni ventili, javi do sega nekoe neramnometno rabotenje vo ler ili slicno?
Kolku e osetliv ovoj motor vo toj pogled, koristis nesto za prevencija?
Kakvo ulje koristis najcesto?
Прво за уљето. До сега, откако е донесена во МК, користам Shell Hellix Ultra 5w-40, кое ги задоволува спецификациите за овој мотор. Ова уље го користам затоа што ни овластениот сервис ни увозникот за Selenia, не носат Selenia Quadrifoglio (или по старо Selenia Sport Race) кое е фабрички препорачано за колава. Еднаш годишно правам сервис, што би дошло во просек на околу 13-15.000км промена (иако е фабрички специфицирано на 35.000 или две години).
Ова придонесува и за намалување на потенцијалниот проблем со наслаги на вентилите, и потенцијалниот проблем со гареж во цевката за довод на масло до турбината (ова е документирано веќе за овој мотор).
Досега, не сум имал проблеми поврзани со нерамномерна работа, слабо влечење и слично. Исто така, до сега не сум прочитал по форуми некој да имал проблеми со гареж во усисната. Веројатно дел од тоа се должи и на принципот на работа на моторот, кој има неограничена можност за вариабилност на усисната и издувната грана (усисна 60 степени тајминг разлика, издувна 52 степени), и во одреден момент дозволува при (пред) компресија малку подолго отворени усисни вентили, па следниот цилиндер повлекува „смеша“ наместо воздух со уљни испарувања.
Сепак, мислам дека најмногу влијание има промената на уље на пократок интервал, со што не дозоволувам да стане уљето „ќумур“ и да почне гареж да прави.
Здравје, ќе видиме. Може ќе погледнам некад со бороскоп како изгледа внатре во грана, би било интересно. Превентивно сакам да земам
вакво средство, пошто дизелското се покажа доста добро на 147-цата.
Ако евентуално се покаже дека се создава гареж, не е исклучено и oil catch can да си добие.
`