Баш сум среќен за твојот близок пријател што си го нашол брендот и обликот што го препородил, можеби и јас еден ден ќе го најдам, пошто со алфиве се осеќам како никој да ме нејќе (Мала иронија, пошто стално слушам вакви прикаски и совети, демек ми треба препород)
Здравје, Лексус можеби следната кола. Не сум „женет“ за брендов, но до сега од сите возила што сум ги возел, кога ќе седнам во жабарскиве ми е најубаво. Некако ме „гушкаат“. Не можам тоа да го објаснам со реални показатели, тоа е мое лично чуство
Не се лутам никому кој што „плука“ или го критикува брендот, затоа и ги кажувам сите мали и големи проблеми што ме снашле, не гаам илузии дека не се расипува или дека ќе ме служи до крајот на мојот живот, едноствно сум спремен на ризикот кој што доаѓа. Единствено што ми е тешко, е што живеам во „вукојебина“ кај што дефект значи потегнуење по алтернативни извори на решенија надвор од државава, без поддршка од квалитетни и соодветни делови кај нас.
Што се однесува до дизните, 150.000 и 9 години не е баш така мал период и километража. Свртете го интернетот за хорор приказни со промочани дизни на „порелиабилните европски брендови“ и на 3 пати помали километражи. Да не зборуваме за хорор приказни кај нас со горивава, кои сигурно придонесуваат до почести кварови.
За мене беше очекувано, бидејќи ги имав простудирано убаво проблемите кои може да се јават со моторот, дури и се спремав со време да нарачам резерва дизни да не ги чекам кога ќе се деси. Сепак, неочекувано беше што откажа без некој „grace“ период, туку се деси нагло и без некоја посебна најава. До 10 минути пред да се упали check engine, мирно си пловевме со солидни брзини.
на одење или на враќање се случи работава?
точеше во Србија гориво или не?
*превентивно мења 4 дизни
На одење, на 10-тина километри пред лесковац. Стигнав до лесковац, колата и на 3 цил се возеше.
Гориво не точев во србија, но тука во скопје последните два резервоари ставив 95-ка (не 100ка) од Макпетрол, двата пати на бензинската кај румунска.