Автор Тема: Најновиот Ајфон во вторник !  (Прочитано 59332 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8871
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #375 на: 17 Септември 2012, 21:30:59 pm »
абе цениве како ги вадите маме му ебам, некој од вас размислил ли на ова дури и овие да се цените:
- ова се цени на материјали така
- а цена за монтирање, време струја работна рака итн
- а цена тие материјали да се донесат до фабрика, па тој готов производ да оди до финална дестинација
- а давачки увоз, а трошок плус за услугите на увоз

ај на сето ова пак нема да достигне астрономска цена ама кој па рече дека некоја компанија треба да продава производ од нивната калкулација плус 10 или 20 посто за само вие да сте срекни, па тие за пари работат алоо,

гледаат дека им се продава и нормално ке стават цена и тоа е тоа

и мене ми е скап телефонот ама јебига тоа е тоа ако имаш купи го ако не јок

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #376 на: 17 Септември 2012, 22:32:39 pm »

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #377 на: 17 Септември 2012, 22:51:44 pm »
Ама не му ја купиле 5-ката, затоа кука :S!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8871
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #378 на: 17 Септември 2012, 23:11:54 pm »
му ја купиле, нели гледаш постот од кој телефон му е :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #379 на: 17 Септември 2012, 23:13:40 pm »
Не ја видов 5-ката ... 3 саата спиење, тоа ти е ...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #380 на: 18 Септември 2012, 00:40:25 am »
Да се разбереме... Телефонот е фантазија од технологија, и му нема рамен. Не зборам за пропратните работи, и абнормалната зависност од ајТјунс. Али ок, се навикнуе чоек. Она што најмногу фали кај другите е самиот хаптички момент, односно, како ти се осеќа телефонот на допир. Епл е дааааааааааааалеку над сите, на тоа поле. Самсунг (сеуште) делува евтино (имав Ѕ3 у рака на извесен период и бев непријатно изненаден, очекував многу подобра изработка), Нокиата е градежен материјал (185 грама!!!) додека единствена конкуренција се добива од ХТЦ, иако и они заебаа на тоа поле.

Друга работа... Растењето во висина беше нешто што мораше да се случи, и мене лично, ми се свиѓа што екранот е продолжен само во височина и што ширината е останата иста. Тоа значи дека сеуште можеш да го работиш телефонот со една рака. Нешто што веќе не е случај кај конкурентите, кои у глобала се иста височина (или повисоки) од iPhone 5, во просек ~1 сантим се пошироки, и ~20ина % подебели. Сето тоа веќе почнува да пречи, имајќи предвид дека сепак се работи за ТЕЛЕФОН.

Табела со споредба и пар зборови од GSMArena.com

Чекај, чекај, што слушам јас технологија имал Apple..? dafug која технологија ја има Apple вградена во IPhone 5-ка, па и о другите I-уреди..? TFT екран од камено време, нема слот за мемориска картичка, споделување на содржини само со i-уреди, стар оверклокан процесор до 2 јадра,...Значи да резимирам, за да направиш нов IPhone е потребно:

- Зголеми го екранот за некој инч.
- Клокни го стариот процесор малку и продавај го како револуција во производството на микро процесори.
- Направи добра реклама, и еби ги глупите Американци, кои мислат дека е кој знае што...
- Оперативен систем, кој што толку го испофалија по форуми и блогови, и накрајот испадна дека е старо срање со некое ново програмче кое и така не функционира како што треба, (читај Siri)
- Телефон што реално кошта 200 $ стави му 250 % маржа и продавај мед на простата раја..


Значи Американсково срање, как ои се друго Американско, најбитно е да се продобие одредена маса на ајфон војници, кои што секој нов телефон ке го дочекаат со нетрпение. Истото важи за сите американски производи...

P.S: За болдираново можам да кажам само едно големо: LOL :D

Кажи си LOL де, твое мислење си е тоа...

Иначе, без разлика дали е вчера направен, или е „праисториски“, склопот на технологии што како резултат го даваат iPhone-от, е фантастично технолошко достигнување... Можеш да „Lol“-аш колку ти душа сака, тоа не го мења фактот.

Во врска со потточките:
1) Не, пошто нема потреба. Ако ти треба некој инч поише, купи си таблет.
2) Нема потреба и од тоа, ако имаш веќе докажана архитектура која и тек како си ја врши работата.
3) Haaaave you met Apple?
4) iOS е одличен оперативен систем, кој е исклучително лесен за користење, и прилично "idiot proof". Siri си работи како што треба, на пазарот за кој е првенствено наменет.
5) Haaaave you met Apple? (вторпат :))

+100000

Точно така,добро кажано,само да се надоврзам.

Вкупната цена на материјали на 16-гигабајтниот iPhone 5 е 168 долари.

процесорот A6 чини 28
Qualcom-овиот LTE модем кој чини 25 долари
4-инчен екран   18 долари.
куќиштето изнесува 17 долари
камерата 10 долари
NAND флеш меморијата 9 долари
батеријата 7,5 долари

И уште некои ситници.....

Се работи за осум нешта кои Apple сеуште не може да ги направи, а конкуренцијата може.

Значи наместо во iPhone 5 да вградат NFC сензор, Apple и понатаму се држеле до својот Passbook систем, кој ви дозволува складирање на честитки, патни карти и слични работи на телефон. Тој систем може да изведе некои работи, но не може да го изведе сето она што NFC системот може.

Уште една одлика на смартфоните со Андроид е подобрената употреба на тастатурата, каде што наместо да ја пишувате секоја буква во пораката, само повлекувате со прстот преку тастатурата и така побрзо ги пишувате пораките.

Нормално, Apple и понатаму одбива на своите уреди да им вгради можност за надоградување на меморија со помош на екстерни картички, додека конкуренцијата ја користи таа можност.

Директно поврзано со недостатокот на меморија е и фактот дека iPhone тоа всушност го надоместува со легендарниот iPod кој на корисниците им нуди дури 160 GB меморија. На корисниците не им било тешко да го наполнат iPod-от со музика и видео. Но, Apple и понатаму смета дека 64 GB меморија е доволно за iPhone 5.

Ретко на кој му било јасно зошто iPhone уредите не можеле да имаат стандардизиран USB кабел. Apple сега отиде и чекор понатаму па направи и нов кабел, кој не е компатибилен со претходните верзии.

И не само тоа, ако сакате преку HDMI кабел да префрлите видео од iPhone 5 морате да имате посебен адаптер, наместо стандардизиран micro-HDMI кабел.

Понатаму, iPhone 5 сеуште нема заменлива батерија, иако нејзиниот век на траење е подобрен. Корисниците кои интензивно користат iPhone имаат проблем и со едното око секогаш мора будно да го следат индикаторот за батерија.

Вкупната цена на 2 кила јаболка „Муцо“ на пазарче е 60 денари... Во Веро, едно кило е 60 денари... Да и јас тресам непотребни бројки, без никаква врска whatsoever.

1) Далеку од тоа дека Apple „не може“ да направи нешто што конкурентите можат. Буљаши се, и си играат ку**т како сакаат, пошто им се може.
2) Некако чисто се сомневам дека ова е добра работа, пошто горенаведеново ќе испаднеше нешто као „јкасдртиоефОРТГМБсднфго340и5ткмфгв“.
3) Имаш 64 GB простор, зарем навистина ти треба повеќе на телефон?? Јас имам 32 GB, од кои едвај 10 се зафатени.
4) iPod е медиа плеер, iPhone е телефон.
5) Моето мислење за промената на приклучокот и отсуството на micro USB џекче, може да се прочита тука.
6) БИЛО КОЈ што интензивно користи смартфон, мора будно да го следи индикаторот за батерија.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #381 на: 18 Септември 2012, 02:53:12 am »
Coca cola набавна е 10 денари, во продавница 30, во кафич 80... По магацини да идеме да пиеме кока кола, таман и телефон ќе си склопиме. За 300 долари iphone 8 ќе ни склопат дечкиве погоре ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #382 на: 18 Септември 2012, 09:57:10 am »
Леле какви работи се имаат пишувано тука.
Фантазија!

Софтверот не го бивал. Wooow!!?

Ова прв пат го слушам. Мене до сега не ми заглавил телефонот, не ми укочил. Си работи перфектно.
Еве за споредба, случајно се погоди, вчера еден пријател има некој самсунг s2 - s3 (скап телефон) излегува од кола, со едната рака држи кеси со другата ранец и со лактот пробува да ја затвори вратата од колата. Во тој момент му звони жената, овај едвај некако ослобудува рака го вади телефонот (лап топот) и пробува да направи slide за да се јави. Слајдот го направи 15 пати, телефонот не сакаше да се отклучи! И се изнервира и го стави во џеб и си продолжи со работата.
Јас му дофрлив само, друг пат да не купува машина за перење наместо телефон!
 

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #383 на: 18 Септември 2012, 10:31:36 am »
...Јас му дофрлив само, друг пат да не купува машина за перење наместо телефон!
 

Доста поучно-секоја чест!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #384 на: 18 Септември 2012, 10:33:28 am »
:D :D :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #385 на: 18 Септември 2012, 10:35:19 am »
mozebi na petkata ke proraboti youtube kako sto treba. email servisot e katastrofa, a da ne go spomnuvam multitaskingot.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #386 на: 18 Септември 2012, 10:40:16 am »
Од лично искуство:

- Со youtube сум немал проблеми, иако читам по нетов дека луѓе паѓаат у несвес нешто, ем башка, дека за iOS 6 ќе има нова апликација за YT. Не знам што имало проблем, ама ете, ваљда ќе го средат.
- Не сум имал проблеми со email сервис, а паралелно синхронизирам некои 5 акаунти. Единствено знае заебанција да испадне со атачменти.
- Кога веќе го спомна, што со мултитаскингот?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Re: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #387 на: 18 Септември 2012, 10:47:00 am »
Чекај прво да ја опраат со различнава резолуција.

Осмица69 никако да начека Самсунг ко што треба, лоша карма. Све неговиве пријатели заглавени со Самсунг.

Она што го обожавам кај Ајфонџиите е што стаааално нивниот Ајфон е амејзинг, екстординери, стаклен, совршен, изработка дијамант, за разлика од остатокот пластични веш машини. А од 10 Ајфони, 9 имаат некоја пластична или гумена маска, така да сери му се на совршенството.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #388 на: 18 Септември 2012, 10:51:38 am »
Од лично искуство:

- Со youtube сум немал проблеми, иако читам по нетов дека луѓе паѓаат у несвес нешто, ем башка, дека за iOS 6 ќе има нова апликација за YT. Не знам што имало проблем, ама ете, ваљда ќе го средат.
- Не сум имал проблеми со email сервис, а паралелно синхронизирам некои 5 акаунти. Единствено знае заебанција да испадне со атачменти.
- Кога веќе го спомна, што со мултитаскингот?

-epa jas imam
-jas imam po dosta. aplikacijata e total shit.
-sto e toa multitasking?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Најновиот Ајфон во вторник !
« Одговори #389 на: 18 Септември 2012, 11:08:34 am »
- јбг
- стај си друга апликација
- ќе праиме на-ти-го/дај-ми-го ??

Она што го обожавам кај Ајфонџиите е што стаааално нивниот Ајфон е амејзинг, екстординери, стаклен, совршен, изработка дијамант, за разлика од остатокот пластични веш машини. А од 10 Ајфони, 9 имаат некоја пластична или гумена маска, така да сери му се на совршенството.

Не треба да си „Ајфонџија“, треба само да си реален за да ја воочиш и признаеш разликата. Samsung делува пластично и кршливо, а моето лично искуство со Samsung телефони го има покажано сосема спротивното, од аспект на издржливост и цврстина. Се’ друго е праење муабет од инает. А не знам кога и како испадна проблем да си ставиш заштитна маска, али ок, нека биде „аргумент“, кога веќе до таму стигна муабетов.

Ко за инфо, најдобриот филинг на телефон у рака за мене, не доаѓа ни од Apple, ни од Samsung, ни од Nokia, ни бутур, туку од HTC, и тоа од Hero, што е веќе 3 години стар телефон, поради обликот и гумираната пластика. За жал, НТС веќе не посветува толку внимание на entry-level телефоните, али барем си го држи стандардот кај повисоките класи (бар така имам разбрано). 
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.