+100000
Точно така,добро кажано,само да се надоврзам.
Вкупната цена на материјали на 16-гигабајтниот iPhone 5 е 168 долари.
процесорот A6 чини 28
Qualcom-овиот LTE модем кој чини 25 долари
4-инчен екран 18 долари.
куќиштето изнесува 17 долари
камерата 10 долари
NAND флеш меморијата 9 долари
батеријата 7,5 долари
И уште некои ситници.....
Се работи за осум нешта кои Apple сеуште не може да ги направи, а конкуренцијата може.
Значи наместо во iPhone 5 да вградат NFC сензор, Apple и понатаму се држеле до својот Passbook систем, кој ви дозволува складирање на честитки, патни карти и слични работи на телефон. Тој систем може да изведе некои работи, но не може да го изведе сето она што NFC системот може.
Уште една одлика на смартфоните со Андроид е подобрената употреба на тастатурата, каде што наместо да ја пишувате секоја буква во пораката, само повлекувате со прстот преку тастатурата и така побрзо ги пишувате пораките.
Нормално, Apple и понатаму одбива на своите уреди да им вгради можност за надоградување на меморија со помош на екстерни картички, додека конкуренцијата ја користи таа можност.
Директно поврзано со недостатокот на меморија е и фактот дека iPhone тоа всушност го надоместува со легендарниот iPod кој на корисниците им нуди дури 160 GB меморија. На корисниците не им било тешко да го наполнат iPod-от со музика и видео. Но, Apple и понатаму смета дека 64 GB меморија е доволно за iPhone 5.
Ретко на кој му било јасно зошто iPhone уредите не можеле да имаат стандардизиран USB кабел. Apple сега отиде и чекор понатаму па направи и нов кабел, кој не е компатибилен со претходните верзии.
И не само тоа, ако сакате преку HDMI кабел да префрлите видео од iPhone 5 морате да имате посебен адаптер, наместо стандардизиран micro-HDMI кабел.
Понатаму, iPhone 5 сеуште нема заменлива батерија, иако нејзиниот век на траење е подобрен. Корисниците кои интензивно користат iPhone имаат проблем и со едното око секогаш мора будно да го следат индикаторот за батерија.