Како што се очекуваше, Apple испрати официјални покани за настанот наречен "Да зборуваме за iPhone" закажан за 4-ти октомври.Настанот ќе биде воден од новиот извршен директор Тим Кук, кој неодамна го замени Стив Џобс и кој ќе го има првиот настап како презентер на Apple производи.
Знаејќи го шармот на Стив Џобс, господинот Кук ќе мора да се потруди да импресионира.
Тоа што може да се очекува од новиот iPhone е 8 мегапиксели камера, 1 GB RAM, алуминиумска рамка, поголем екран и број други подобрувања, вклучувајќи ги и новините на новиот мобилен оперативен систем iOS 5.
Се споменува дека ќе биде претставена и нова опција за препознавање на говор наречена Assistant.
Според 9to5Mac, Assistаnt oсвен што ќе служи за кажување на команди на телефонот со цел да се извршат одредени опции или стартуваат информации, ќе се користи и за пишување на SMS.
Исто така се шпекулира дека на настанот ќе биде претставена и поефтина верзија на iPhone, иако ова е малку тешко за верување бидејќи, и покрај таинственоста на Apple, до сега немаше конкретни извештаи дека се подготвува таков телефон.
By
rikirulz at 2011-09-28
By
rikirulz at 2011-09-28
Извор:
www.IT.com.mk