@Allexxander
Колата е нова, точно. Бела е, и тоа е точно, но бидејќи за празнициве бев во село, таму има бумбари. Бумбарите серат едни кафеави долги гомца, и ако пробаш да ги чистиш, не се чистат, а башка запечени 4 - 5 дена на сонце! Треба со сунгерче за садови од оштрата страна, и плус останува жолта флека потоа. Не сакам да стружам по колата. Напред имаше мушички, мушичките се најтешки за чистење. Затоа и го земав шампонот, а веќе имам и Ренко кој нема везе, можам да речам дека е како сјај за садови.
Со шампонов гомцата излегуваа фино, претходно добро прскање и квасење на колата. Згора на тоа со сунгерот многу малку подзатрљував, флекичките се вадеа, а мушичките морав три пати да ги поминувам.
После перењето водата очигледно бега и се прави како капки, и само со микрофибер крпа се бриша и спие.
Со полиш мислам дека е глупаво да ја переш колата секое перење, можда грешам. А и не е баш ефтин. Инаку точно е дека е можеби најдобар, но за домашни услови е добар и сонаксот.
Ако има некој измеѓу, би го пробал и тој.
Сонаксот 2 во1 кој го спомна, како алтернатива има друга намена, колку што успеав да разберам и од нивниот официјален сајт.
Како год, јас сум задоволен сеа за сеа. И ке ја исперам и другата кола, старата, па ке ставам слики и од неа, да се види дека е стварно добар.
Е за неа можеби еден полиш од мафра ке биде погодок.
