Koнечно денеска го завршив проектот со нетшилдот.
Инаку пред да го претставам целокупниот процес, сакам да кажам дека навистина има многу работа, и доколку немате кондиција ке ве болат раце, мускули, кичма и слично
Инаку еве како се почна.
Прво следуваше перење со вапче, па со сунгер нормално и со шампон без wax. Солидно трљање и рибање.
Потоа следуваше процедурата со TW Liquid Clay Bar, кој јас го нанесував на мокро возило. Инаку ако се нанесува на суво, ке му дојде нешто како полирање. На нет гледав неколку видеа каде што се препорачуваше што повеќе вода кога се работи со Clay Bar. Бидејќи овој е течен, може а и не мора да се работи на мокро, односно неисушено возило. Инаку одма клејбарот станува како пена, односно на еден начин го сваќам како поагресивен шампон. Мада искрено да кажам и не беше нешто екстремно агресивен. Па така да морав малку повеќе да трљам, плус мокро, баш беше интересно. Како год после тоа мора добро испирање со вода, заради тоа што кога ке се исуши е исто како кога миеш заби и не ја исплакнеш пената, па ти остануваат бели штрафти.
Еве како изгледаше после тој третман:
Заради недостиг на време, процедурата морав да ја прекинам тука некаде и да продолжам наредниот ден, односно денеска.
На така спремната површина по претходно простудирана литература, нанесов Sonax Polymer Netshield. Заштита која по упатството на производителот трае и повеќе од 6 месеци.
Површината на која ке се нанесува треба да биде идеално чиста и да биде одмастена.
Во мојот случај тоа го направив со клејбарот. Е сега колку идеално беше чиста колата, па да речам 98%. Останатите 2% се гнасни точки кои се резултат од капење, дишење или јебем ли га од дрвава кои со ништо не се одстрануваат
Микронски точкички. Во голем дел беа извадени, но имаше и останати. Како ког, површината беше добро спремна.
Еве ги резултатите од нетшилдот:
Задоволен од ефектот, мада ефект на нова боја е минорен. Главното е што бојата е заштитена. Односно да се надеваме дека е така
Ке видиме, времето ке покаже.
По целосниот третман со нетшилдот, продолжено со следна постапка.
Односно детално чистење на прозорците. За таа цел користев Wurth средство за чистење на прозорци:
Ефектот е значително видлив
И на крајот мораше да се зацрнат и гумите. Користено Ma-Fra средството за гуми, 3 во 1.
Инаку сума сумарум, си направив една одлична колекција на средства за нега на возила
Претходно бев ограничен во некој рамки, но овој пат колекцијата е целосна