Автор Тема: VW Golf 5 1.9TDI '06  (Прочитано 13903 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #60 на: 29 Декември 2021, 18:24:57 pm »
Сменети греачи денес, ставени NGK. На моменти заборавам дека возам дизел, на верглање сабајле се мачи, а нов акумулатор има, нерва ме фати, па ми текна дека има греачи колата па ја ставив на тестер 1,2 и 4 капут.

Набавена и кука денес оригинална, односно поклонета кука, треба да ја монтирам, поврзам и атестирам.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #61 на: 29 Декември 2021, 19:14:33 pm »
Ако е монтажна (вади/стави), ок. Ако е фиксна, ќе имаш проблем со полиција. Мислам дека е забрането да се има кука на кола. (Едино, ако не смениле нешто во меѓувреме.)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #62 на: 29 Декември 2021, 19:17:54 pm »
Со полиција може и нема да има проблем, проблем е ако некој го удри од позади.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #63 на: 29 Декември 2021, 21:23:39 pm »
Еуро кука е, се вади. Инсталацијата ми е проблемот.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #64 на: 30 Декември 2021, 09:38:56 am »
Со полиција може и нема да има проблем, проблем е ако некој го удри од позади.
Зашто би имал проблем? Јас имам фиксна кука и кога ќе дојдам за мк ако ме удри некој од позади јас ли ќе бидам крив? Што ако возам секој ден или секој втор со приколица? треба вади стави да правам само ради некој што не знае растојание да држи?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #65 на: 30 Декември 2021, 09:44:56 am »
Ќе биде крив тој што те удрил од позади ама наместо да ги ќариш сите пари од европскиот записник, ќе треба да дадеш дел на државата зошто ако дојде полиција, ќе јадеш казна за кука што стои на кола а не се користи.

Рачунај, ова теоретски. Пежото имаше неатестирана кука, во 9 месеци имав 3 полициски контроли и никој не се позамара ни за куката, ни за магленките напред, ни за нестандардните димензии на гуми... Само документи, преглед на истите, и поздрав.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #66 на: 30 Декември 2021, 10:15:24 am »
Еуро кука, се вади/става за 1 минута. Полиција не ја интересира тоа. За фиксна кука, те пуштаат на регистрација?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #67 на: 30 Декември 2021, 10:22:09 am »
Си бираш во кој технички одиш ;D

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #68 на: 30 Декември 2021, 13:52:15 pm »
На Југото имав фиксна кука впишана во сообраќајна, никогаш и никаде немав проблем, а ме имаат сопрено и прашано зошто не е извадена, после проверка дека е заведена како таква ме пуштале без проблем.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #69 на: 30 Декември 2021, 14:11:36 pm »
Нема гајле дур не те слупа некој од позади, ако е паметен ќе си ја оправи неговата за безпари ти ќе завршиш без попуст од осигурање и со задница за поправка.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #70 на: 30 Декември 2021, 22:44:32 pm »
Еуро кука, се вади/става за 1 минута. Полиција не ја интересира тоа. За фиксна кука, те пуштаат на регистрација?
Да не му ја рушиме темата на човекот...
У немачка нема проблем. куката си стои во сообраќајната на СЕКОЕ возило а ти дали ќе ја имаш тоа е сеедно.
Ѕа во мк незнам како е ама ако имаш легална кука не го гледам проблемот со полицијата.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: VW Golf 5 1.9TDI '06
« Одговори #71 на: 13 Април 2022, 21:18:36 pm »
Може клуч, Голфи доби нов сопственик.