Што и да е, извесно е дека се проблеми со однесувањето кои ти не си во состојба да ги корегираш. Животните не се имуни на психички болести, а пит што си го искасал родено потомство до крв дефинитивно не е куче што јас би чувал. Друг пат може некој поважен да настрада.
Инаку поконкретно генезата на проблемот е во тоа што кучињата ги „воспитуваат“ малите со зар’жувања и благи касања (целосно безопасни) кога малите ќе претераат со играта (касаат прејако пошто сеуште немаат научено да ја конролираат силината на загризот). Контролата на силината на загризот се нарекува
инхибиција на касањето, нешто што мајката очигледно и самата не го научила (најверојатно била земена како многу мало кученце, инаку таквите работи се учат од родителите). Мое мислење онака од невидено е, пошто мајката нема инхибиција на касањето - во таквите ситуации родителскиот инстикт е заменет со други инстикти (читај, во афект е).
Како и да е, се работи за проблем и тоа голем. Тоа куче никако не го оставај само со мали животни, вклучително и деца. Дефинитивно разговарај со професионален дресер, во најмала рака. Најлошо што можеш да направиш е да го игнорираш ова. Такво куче е способно да нанесе многу озбилни повреди, дури и со смртни последици.