Ајде некој збор два за ампулите, немам големи познавања за возила и ќе учам од вас ама на оваа тема може мн да дебатираме
Ампулите имаат кратко трајно дејство (барем во земјите во кои сум бил и сум истражувал) нема ампула која трае повеќе од 2 месеци (дури и мислам дека онаа со најдолго дејство е 45 дена) така што една ампула за цела година тешко.
Кога веќе земате ампули имајте во предвид дека и ампулата што одговара на еден миленик не значи дека ќе се покаже исто и на друг, различни типови на крзно, различна кожа и слично се тоа влијае.
Од друга страна ако сакате нешто што ќе ви трае повеќе месеци треба да ја разгледате можноста да ставите огрлица на миленикот.
Е кај огрлиците немаш изговори како кожа, крзно и слично. И траат 6-8 месеци (најчесто е 6 месеци против крлежи, 8 месеци против болви) но тоа е и повеќе од доволно за една сезона да си бидете безгрижни. Од огрлици како најдобри може да ги издвоиме Скалибур и Килтих (на баерн). Скалибур се за нијанса поскапи, а не сум видел голема разлика во квалитетот. Двете ми се имаат одлично покажано.
Јас ампула користам само во зимските месеци кога дејството на огрлициве е поминато, пак за секој сличај да имаат некаква превенција иако тогаш и не би требало да има болви и крлежи.