И јас сакам повеќе куче затоа што повеќе се врзува за газдата и повеќе разбира, како другар е. Ама кога сме веќе кај мачките да кажам збор два, не е доволно да имаш само една мачка и да заклучиш дека е подмукло створење. Секоја мачка е различна буквално, секоја свој карактер има. Во принцип е многу мило животинче кое ја вади сета негативна енергина низ дома. Има способност да осети каде има негативна енергија и таму легнува, ако те боли нешто и се качи во скут ќе легне точно таму каде што те боли. Од една страна е многу самостојна, итра, внимателна опрезна, премногу, меѓутоа од друга страна по мое искуство е животинка која неќе да седи сама. Ако си ти во кујна седи и лежи тука, ако станеш и отидеш во соба, за минута ќе дојде и она тука да седи. Сум имал над десетина различни мачки и пар други кои не сум ги чувал ама доаѓале сум ги пуштал дома како црната што ја имам постирано, не е моја во зградата ја чуваат, тука спие и ја ранат како кралица, ама а ме види одма оди по мене да влезе дома и одма оди во купатило се поткачува на шоља со предните раце/нозе и ја гледа водата. Не знам зошто толку и е интересно

Ако работи машината за перење само ја sирка од далеку и испитува што е како е и неќе да припари во купатило. Со мачка никад не е досадно дома, знае да се заигра или да прави нешто што ќе те изнасмее здраво. Врвка пуштии и занимавај се до бесвест или топче. Или ласер. По ласер збудалува. И тврдам дека го поткрева расположението на сите дома. Такво влијание има.

Black like the night.