Стварно не ми е јасно што срања носите на ѓон, за толку цемент, бетон, малтер, влага и што ти ја знам да ви ги уништува патосниците.
Од кога имам моја сопствена кола имам исклучиво теписонски патосници, никогаш, ама НИКОГАШ не сум имал вакви проблеми, нити со армиран бетон, ни кровни греди, гипс, мермер, влага, мочуришта и слично.
Да, имало остатоци од јадење, замачкани боички, ствари, гумени бонбони, песок и слично, ама никогаш не биле проблем да се исчистат и да личат како што треба.
Единствен проблем имав со влакна во багажниот простор, пошто имав 35 килски голди што сееше вуна насегде. Ама и тие со малце повеќе запнување може да се исчистат.