Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2045504 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1845 на: 10 Мај 2016, 00:49:41 am »
Ма знам па ти се зезам, само не ми паѓа на памет да давам пари за глупости, пак си ги местам без проблем а и ретко кој ми ги чепка.

а и сигурен сум дека додека чекаш во гужвиве идејки и враќајки се на некој црвен семафор, да го извлечеш и да му мавнеш неколку јаки, ама онака стварно јаки човрги, 50-50 се шансите да си проработи... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1846 на: 10 Мај 2016, 16:39:03 pm »
Ги отворив моторчињата и се сосема ок и запчаници и све.. Принципот на кој работи е внатре моторчето турка пластично шипче и по тоа фарот оди горе/доле..

До осигурачите не верувам дека е, пошто од внатре си се штелуваат сосема нормално фаровите.. Малце чудно е, ај едното да се расипи можи ама двете ? Плус тоа пред некое време си се штелуваа баш ок.. Тогаш имав ксенон и ги спуштив фаровите најдолу.. Сега ставив обични па многу долу светат..

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43949
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1847 на: 10 Мај 2016, 19:51:02 pm »
Ај провери си да не ти се лошо наместени сијаличките во фарот? А може и добро да ти светат, ама ти навикнат од ќорлавиот ксенон сакаш да ти осветлуваат (и ослепуваат) на 6км пред тебе. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Pura

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1848 на: 11 Мај 2016, 14:39:58 pm »
Искуство некој со авто куќа ГМС, или друг предлог за мајстор за сеат кој што има разумни цени а не како овластениве сервиси? Преку глава ми е од мајстори што не знаат што е дефектот на колава.
Сеат Кордоба 1.9 сди

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1849 на: 11 Мај 2016, 14:42:01 pm »
Што и е на колата?

Отсутен Pura

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1850 на: 11 Мај 2016, 14:56:22 pm »
Што и е на колата?
На ладен старт тешко пали, и кога ќе запали паѓаат обртаи или ќе изгаси, се додека не го исфрли белиот дим, после тоа ок си е. Проверија грејачи и инсталација до нив, не е тоа. Ми рекоа нов мотор, и ги баталив.

Во меѓувреме почна да ми пушта од некое црево нафта и да чади додатно од под хауба ради тоа. Ме остаи колата у паланка па среќа најдов таму еден мајстор го смени цревцето кое што него му се виде дека пушта колку да стигнам до СК. Сакам да се провери дали само од таму пуштало и да ги сменам сите тие цревца 3-4 се, не ми се трга на пат пак на непроверено.

Исто така почна нон стоп да светка сензорот дека е прегреана колата, не знам дали ова со нафтава што течела направило дополнителен проблем.
Сеат Кордоба 1.9 сди

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17612
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1851 на: 11 Мај 2016, 15:06:57 pm »
Троши антифриз?

Отсутен Pura

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1852 на: 11 Мај 2016, 15:22:46 pm »
Троши антифриз?
2 прста има потрошено од кога е ставено зимава
Сеат Кордоба 1.9 сди

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1853 на: 11 Мај 2016, 15:46:52 pm »
Троши антифриз?
2 прста има потрошено од кога е ставено зимава
Меша негде антифриз во коморите за палење, јас би вадел глава, можеби дихтунг на глава
пошто дига температура.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17612
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1854 на: 11 Мај 2016, 16:15:15 pm »
Троши антифриз?
2 прста има потрошено од кога е ставено зимава

Моја логика која не мора да е валидна вика дека цилиндер ти се полни со антифриз, и додека не го исфрли во форма на бел чад, не работи како што треба. Изгорен дихтунг на глава е веројатната дијагноза, и тебе ти треба општо мајстор што знае да работи, не мора да е за Сеат.
Предлог е да одиш во Авто Сервис Колевски, неовластен но специјализиран сервис за Seat, Audi, Skoda и Volkswagen, и таму веројатно ќе дијагностицираат правилно и брзо ќе ти го решат проблемот.

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1855 на: 11 Мај 2016, 16:25:16 pm »
2 прста антифриз од зима до сега нели се малку за изгорен дихтунг?
Инаку си треба детална проверка на колата, сензорот за температура да се провери дали колата прегрева или проблемот е до сензорот, инаку нели би требало модулот за грејачи според температура на водата да ги вклучува греачите па според тоа и од него да има проблеми со палење?

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1856 на: 12 Мај 2016, 00:40:06 am »
Тоа е ептен малку истрошен антифриз за да биде изгорен дихтунгот.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1857 на: 12 Мај 2016, 00:48:31 am »
зависи од казанчето... кај некои казанчиња 2 прста се поише од литар... кај некои не е ни 250 грама... како и да е, не мислам дека изгорен дихтунг ке покаже со таа количина, и тоа ако убаво пресметувам, збориме за 6+ месеци... можда и 8, зависи кога го смета терминот “од зимоска“...

а за прегревањето, треба да се види зошто е... имаше во сервис еден дојде и после рамнење глава и еден куп заебанции зошто му прегреала, после склопување, пак почна да крева... ај да не е хладњакот запушен, и кога, тоа претходниот газда турил картон меѓу хладњакот и испаривачот на климата... хахаха...  значи гледајте и вакви глупости... проток на воздух низ келиите на хладњакот, да се затестил со земја, влага и уљни испарувања... секако и термостат, термопрекидач и исправност на перка треба да се провери...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Pura

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1858 на: 12 Мај 2016, 02:05:25 am »
2 прста фалат од декември кога дотурив антифриз, иначе сензорот што покажува дека е прегреана се уклучува и при самото палење а некогаш и при вожња ама поретко.
Сеат Кордоба 1.9 сди

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1859 на: 12 Мај 2016, 11:49:25 am »
2 прста фалат од декември кога дотурив антифриз, иначе сензорот што покажува дека е прегреана се уклучува и при самото палење а некогаш и при вожња ама поретко.

хах... сензор за температура на глава. :) иди смени го...  и сега.. иако стално објашњавам, некако не стига до глава дека временски интервал од 5 месеци не е репер за ништо, освен за фабрана кола и колку време некоја корозија се појавила или раширила. по прашање на витални делови, репер се пројдени километри или доколку е возможно работни саати. како бонус на сите што имаат плински уред, може да си следат работни саати преку плинскиот компјутер. во него има во минути изразено колку време работи моторот, и тоа колку на бензин, колку на плин... :) но батали тоа.. километри кажи колку имаш пројдено одкако си дополнил и тие 2 прста паднале... ( и земи дотури додека да се качат тие 2 прста назад, па пиши и количина за колку антифриз збориме)... исто така пиши и кој натифриз (чив бренд и која концентрација си турил) за да евентуално ти кажам некои спецификации за него...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време