2 прста фалат од декември кога дотурив антифриз, иначе сензорот што покажува дека е прегреана се уклучува и при самото палење а некогаш и при вожња ама поретко.
хах... сензор за температура на глава.
иди смени го... и сега.. иако стално објашњавам, некако не стига до глава дека временски интервал од 5 месеци не е репер за ништо, освен за фабрана кола и колку време некоја корозија се појавила или раширила. по прашање на витални делови, репер се пројдени километри или доколку е возможно работни саати. како бонус на сите што имаат плински уред, може да си следат работни саати преку плинскиот компјутер. во него има во минути изразено колку време работи моторот, и тоа колку на бензин, колку на плин...
но батали тоа.. километри кажи колку имаш пројдено одкако си дополнил и тие 2 прста паднале... ( и земи дотури додека да се качат тие 2 прста назад, па пиши и количина за колку антифриз збориме)... исто така пиши и кој натифриз (чив бренд и која концентрација си турил) за да евентуално ти кажам некои спецификации за него...
Поминати се од тогаш 5-6000км, г12 1литар бренд не знам, го дотурив чист цел затоа што тој што го имав држеше до -10. тогаш отиде 3 прста над макс обележаното сега е уште малце над макс, затоа не сакам да дотурам за да ја видам разликата колку е потрошено.
прво да ти појаснам неколку работи:
1.во целиот процес на разладување на моторот, се крева притисокот како се загрева течноста. гликолот при тој процес знае да испарува по малку, но ако притисокот е стабилен повторно кондензира.
2.притисокот дозволен во целиот систем каде што се движи течноста е регулиран преку капачето за дополнување на резервоарчето. тоа капаче е еден вид сигурносен вентил, кој испушта воздух од казанчето (бидејки таму се собира целиот воздух, за тоа и служи тоа казанче), по стандарди и висина на притисокот колку што прорачунала фабриката со се сите нивни инжинери.
3. на казанчето има минимум и максимум течност. тие 2 црти не се од ѓутуре ставени туку како што реков, некои инжинери седнале и пресметале колку е минимум и максимум. со дотурање НАД максимумот, лесно ќе се случи да исфрла поише воздух од регуларното, а навечер кога ке се излади моторот и гликолот, низ истото капаче ке внесе нова количина на воздух.
4. доколку ти е под минимум лесно може да се случи кога ја палиш колата да си повлече воздух низ инсталација...
заклучок:
ти си дотурил над максимум. автоматски притисокот низ цела инсталација на загреано се кренала над дозволеното, па гасовите, меѓу кои и испарениот дел од гликол капачето ги исфрла надвор, односно, ти исфрла гликол низ него, намалувајки го притисокот а со самото тоа и нивото на течниот гликол во целата инсталација. затоа и да не те чуди тоа...
еве кај мене, стабилизирање на притисокот се случува на 1 прст под максимум. од максимум до минимум има кај мене 4 прсти, но колку и да турам, секогаш полека ама сигурно ке го спушти на тој 1 прст под максимум и тука ке застане. тоа е така затоа што капачето кај мене е оригинално, и возилото (и капачето со се сигурносниот вентил на него) се стари 18+ години. замор на материјали, попуштен федер, ослабната моќ на држење, под нивото зададено од фабриката, но тоа не му смета, бидејки има доволна количина и задржува доволна количина...
значи.. кај тебе, веројатно ке застане тука некаде, околу максимумот, бидејки иде лето, може да се случи да спадне уште малку и тука ке застане...
заклучок бр.2:
немаш изгорен дихтунг на глава, не ти го троши гликолот и течноста, имаш проблем со сензор на глава (или на хладњак, зависи кај е турен, незнам ни што кола е тоа) за мерење температура, веројатно и перка знае да ти вклучи уште на мраз ладен мотор. смени си го тој сензор, да не ти ги ебе кокошките некој пат, да не не ја вклучи перката кога ќе треба. е тогаш ке имаш изгорен дихтунг на глава и еден куп проблеми.. ке треба да рамниш глава, да смениш гумици на вентили, ново уље, нов гликол, зависи кој мотор имаш, од поновите генерации сега више при промена на дихтунг на глава бараат и нови штрафови за глава, понатака работна рака за мајсторот, веројатно и некое црево ке ти отиде и како финале е дека тој сензор пак ке го купиш тогаш...
