Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2043602 пати)

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1860 на: 12 Мај 2016, 13:38:11 pm »
веќе подолго време имам проблем со палењето, некогаш го препознава клучот некогаш не - трепка црвено имобилајзерот.
И после џабе верглам пошто не пали. Пробав и со резервниот клуч истото ...
Препорачајте ми некој што се занимава со оваа проблематика
се работи за renault clio 1999

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7890
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1861 на: 12 Мај 2016, 13:59:35 pm »
Дог секјурити??

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1862 на: 12 Мај 2016, 14:01:29 pm »
веќе подолго време имам проблем со палењето, некогаш го препознава клучот некогаш не - трепка црвено имобилајзерот.
И после џабе верглам пошто не пали. Пробав и со резервниот клуч истото ...
Препорачајте ми некој што се занимава со оваа проблематика
се работи за renault clio 1999

Ќе ти го препрограмираат клучот, една недела ќе пали, после пак ќе биде по старо. Проблемот се решава со нова БСИ единица, која треба да се препрограмира да работи со компјутерот на колата.

А да ти кажам финта како да ја палиш?

Даваш контакт, чекаш сите сијалици да запалат плус петнаесетина секунди на контакт, и да протрепка црвено имобилајзерот.
Враќаш клучот назад, и после вртиш директно да палиш (без да чекаш контакт и сијалици да се запалат).

Финтата функционира во 99% од случаите.

Едит.
Можеш да го пробаш и ова

http://rps-mobile-car-mechanic.co.uk/peugeot-citroen-bsi-reset/
« Последно менување: 12 Мај 2016, 14:08:02 pm Luki Junior »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1863 на: 13 Мај 2016, 00:27:10 am »
а едноставно нели, може и да се деактивира имобилајзерот... неможе баш на сите возила, ама на повеќето може.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1864 на: 13 Мај 2016, 11:02:00 am »
Пред два дена, жена ми ја оставила колата и после саат време , пробала да ја запали, ама ни верглала ни ништо. Само контакт можела да даде и толку.

После работа бев да ја видам, си запали од прва. Пробав 20тина пати по ред, ниеднаш не направи проблем.

Можно е ова со клучот да е зезанцијата?

Иначе се работи за Пежо 206 1.4

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1865 на: 13 Мај 2016, 11:26:00 am »
Пред два дена, жена ми ја оставила колата и после саат време , пробала да ја запали, ама ни верглала ни ништо. Само контакт можела да даде и толку.

После работа бев да ја видам, си запали од прва. Пробав 20тина пати по ред, ниеднаш не направи проблем.

Можно е ова со клучот да е зезанцијата?

Иначе се работи за Пежо 206 1.4


не... не е со клуч тоа. ако имобилајзер не ти работи, вергла ама не пали... кај тебе нешто со алансерот е.. или четкици се отидени, или бендексот (автоматчето) се спрема да пушти душа или релејот за побуда на бендексот е при пуштање душа...

релејот е нешто евтино, значи збориме за 200-300 денари, ако е до него. а за другите работи од 800-900 па нагоре. сепак, ке мора да почекаш пак да се деси истото па мајстор да дојде и да види на лице место...

типувам на четкици...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен dejan.A

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1866 на: 13 Мај 2016, 13:33:01 pm »
Здраво на сите !

Другарче има голф 4 1.9 тди 101 коњ ПД мотор, во последно време често има проблем со палењето и тоа е следното.
Прв знак е не ја пали сијаличката за греачите и кога ке се случи тоа верглај колку сакаш колата нема да запали, потоа после неколку обиди пали.
Најчесто се случува на загреана кола но знае да заебе и на прво палење на сабајле.

Мајсторот вика дека е плочка за електроника но не е сигурен.

Дали некој се има сретнато со овој проблем или пак знае што е проблемот?

Поздрав.
Стара кола и млада жена бараат многу работа :D

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1867 на: 13 Мај 2016, 13:37:26 pm »
Алансерот ми беше прва помисла, евентуално да заглавил кога исфрла па да не може да заврти, ама па никогаш до сега не се ни случило да завргла повеќе од секунда. Одма пали.

Разлислував дали да го однесам на сервис да го видат, само ми е од искуството со мајсори, нешто штом отворат, веќе не е истото како фабричкото, стално ќе зеза после.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1868 на: 13 Мај 2016, 14:30:44 pm »
Здраво на сите !

Другарче има голф 4 1.9 тди 101 коњ ПД мотор, во последно време често има проблем со палењето и тоа е следното.
Прв знак е не ја пали сијаличката за греачите и кога ке се случи тоа верглај колку сакаш колата нема да запали, потоа после неколку обиди пали.
Најчесто се случува на загреана кола но знае да заебе и на прво палење на сабајле.

Мајсторот вика дека е плочка за електроника но не е сигурен.

Дали некој се има сретнато со овој проблем или пак знае што е проблемот?

Поздрав.
Треба да му средат на компјутер топло палење, детска болест на тди

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1869 на: 13 Мај 2016, 15:24:24 pm »
момци некој што враќа евтино километражи?
« Последно менување: 13 Мај 2016, 15:40:05 pm malinamamun »

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4013
  • MadaFunker
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1870 на: 13 Мај 2016, 15:57:31 pm »
Blasphemy..
New blood of old school

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1871 на: 13 Мај 2016, 22:06:13 pm »
Здраво на сите !

Другарче има голф 4 1.9 тди 101 коњ ПД мотор, во последно време често има проблем со палењето и тоа е следното.
Прв знак е не ја пали сијаличката за греачите и кога ке се случи тоа верглај колку сакаш колата нема да запали, потоа после неколку обиди пали.
Најчесто се случува на загреана кола но знае да заебе и на прво палење на сабајле.

Мајсторот вика дека е плочка за електроника но не е сигурен.

Дали некој се има сретнато со овој проблем или пак знае што е проблемот?

Поздрав.
Треба да му средат на компјутер топло палење, детска болест на тди

Штом несака да запали нешто ја зеза, треба на компјутер да се стави, ако зеза само на топла да завергла повеќе и да запали тоа е од engine coolant сензорот, треба да се види зошто не ги пали греачите, не му светнуваат ни на момент или како, сега  е топло, греачи не вклучуваат тие мотори.
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Pura

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1872 на: 15 Мај 2016, 17:43:22 pm »
2 прста фалат од декември кога дотурив антифриз, иначе сензорот што покажува дека е прегреана се уклучува и при самото палење а некогаш и при вожња ама поретко.

хах... сензор за температура на глава. :) иди смени го...  и сега.. иако стално објашњавам, некако не стига до глава дека временски интервал од 5 месеци не е репер за ништо, освен за фабрана кола и колку време некоја корозија се појавила или раширила. по прашање на витални делови, репер се пројдени километри или доколку е возможно работни саати. како бонус на сите што имаат плински уред, може да си следат работни саати преку плинскиот компјутер. во него има во минути изразено колку време работи моторот, и тоа колку на бензин, колку на плин... :) но батали тоа.. километри кажи колку имаш пројдено одкако си дополнил и тие 2 прста паднале... ( и земи дотури додека да се качат тие 2 прста назад, па пиши и количина за колку антифриз збориме)... исто така пиши и кој натифриз (чив бренд и која концентрација си турил) за да евентуално ти кажам некои спецификации за него...
Поминати се од тогаш 5-6000км, г12 1литар бренд не знам, го дотурив чист цел затоа што тој што го имав држеше до -10. тогаш отиде 3 прста над макс обележаното сега е уште малце над макс, затоа не сакам да дотурам за да ја видам разликата колку е потрошено.
Сеат Кордоба 1.9 сди

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 451
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1873 на: 15 Мај 2016, 19:37:59 pm »
Не треба да биде над максимум, кај тебе не го троши, го исфрла вишокот.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5927
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1874 на: 15 Мај 2016, 20:13:37 pm »
1.Кои мотори се подобри шо ги има во Опел 1.7 DTI 55Kw или 1.7 CDTI 74Kw мислам дека беше тој,станува збор за Опел Мерива 2003-2005
2.Мислење за Сеат Ибица од 2002-2005 со 1.4 ТДИ 55Kw или најдобар е 1.9 ТДИ со 74Kw
3.Форд Фиеста 2002-2006 со 1.4 TDCI исто кој шо мислење има за тој мотор и самата кола :-)

Sent from my E2003 using Tapatalk