Верувај ми - лета
И магарето лета - ама ниско

Секој облик е карактеристичен сам за себе. Кој за тебе е „онаков“ најкарактеристичен и по што ти ги карактеризираш, навистина не ми е познато. Имам чувство дека ги карактеризираш како „онакви“ геометриски облици, но да те предупредам - тоа е тотално погрешно !!!
Не сум сигурен што тоа е тотално погрешно.
Па дочитај, убаво ти пишува:
Многу попрецизно е ако ги гледаш како аеродинамички облици. Тогаш нивното однесување при стационарно струење на флуид ке можеш да го гледаш во однос на брзината на струјниците на флуидот, векторот на брзината, нападниот агол, големината на Рејнолдсовиот број и т.н.
...(прост тенок правоаголник) ќе генерира лифт...
Ќе генерира лифт. Со сите
ситни недостатоци кои ги спомена.
Не бе друже, зашто се жестиш? Само сакав за другите читатели - кои можеби ги интересира - да напомнам дека НЕКОИ авиони (ретки, специјални) можат да генерираат лифт и под многу поголеми нападни агли, за разлика од другите, нормални, 95% авиони. Јас (погрешно) те сфатив дека викаш дека секое крило над 15 степени паѓа у стал, и јас се залетав да кажам дека не е баш секое.
Не бе друже, воопшто не се жестам.
Очигледни си го прочитал со поинакви емоции од оние со кој јас го пишивав.
Не се залетувај пак.
Моја полза??
Не добиваме ниту пари ниту поени за тоа кој што ќе каже. Јас дискусиите не ги сфаќам како натпревар меѓу личности па кој ќе победи, туку како начин на доаѓање до вистината со размена на валидни аргументи.
Одлично!
Се сложувам и би додал: - Без емоции, без суети и без повремени залетувања.
Цитирано од: ZokiPet на Денес во 15:04:17
Чисто информативно, на англиски е Afterburner, а на „наше“ - форсаж.
Знам.
Знам дека знаеш, сметам дури и дека не би смеел да незнаеш. Јас го пишав за другите читатели на форумов да не мислат дека нема термин за тоа кога има „оган одпозади“.